fbpx

НАТО и ЕУ ќе ја прошируваат соработката во сферата на безбедноста

-

На првиот ден на НАТО-самитот во Варшава, членките на Алијансата усвоија одлука за зголемување на военото присуство во четири држави на Источна Европа.

Се воведува дополнителен мултинационален баталјон во Романија, а членките одлучиле и заеднички да ја координираат одбраната од балистички ракети.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека дополнителните трупи на НАТО следната година ќе бидат распоредени во Летонија, Литванија, Естонија и во Полска, а во оваа акција ќе учествуваат и војските на САД, Канада, Германија и на Велика Британија.

– Тоа ќе бидат силни и мултинационални баталјони. Тие ќе ја покажат силата на трансатлантската врска и јасно ќе стават до знаење дека нападот на еден од сојузниците ќе се смета за напад на целата Алијанса – изјавил Столтенберг.

На првиот ден на самитот во Варшава, генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, потпишаа заедничка декларација за новата стратегија меѓу Алијансата и ЕУ.

Документот, меѓу другото, предвидува посилен одговор на заканите по безбедноста, проширување на соработката во сферата на сајбер-безбедноста и прилагодување на заедничката кооперација на Медитеранот.

– Декларацијата што денеска ја потпишавме испраќа јасна порака, посилна Европска Унија значи и посилен НАТО, а посилен НАТО значи и посилна ЕУ – изјави Јункер.

Во главниот град на Полска се и претседателот на САД, Барак Обама, германската канцеларка, Ангела Меркел, како и британскиот премиер, Дејвид Камерон.

– Иако се соочуваме со тешкотии, не смееме да ги заборавиме извонредните постигнувања од европската интеграција на земјите членки. Во секоја држава на ЕУ владее демократијата и ниту една земја на ЕУ не посегнала по друга земја со оружје. Интегрирана Европа е една од најголемите достигнувања на модерното време и тоа мора да биде сочувано – изјавил Обама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...