fbpx

Средба Ципрас – Обама на самитот на НАТО во Варшава

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре во Варшава ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама. Средбата ќе биде на маргините на самиотот на НАТО во Полска, кој почнува денеска.

Според информациите во „Катимерини“, на средбата се очекува да се разговара за грчката финансиска криза, програмата за штедење и за грчкиот долг, но и за прашања како влијанието на излезот на Велика Британија од Европската Унија, прашања поврзани со регионалната безбедност и за бегалската криза.

Ципрас во Варшава е заедно со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и со министерот за одбрана, Панос Каменос. Грчките очекувања од самитот се фокусирани на три теми и тоа развојот на односите меѓу НАТО и Русија, за кој Грција се надева да се интензивира, присуството на НАТО во Егејското Море и излезот на Велика Британија од ЕУ и како тоа ќе влијае на соработката во НАТО.

Што се однесува до присуството на НАТО-силите во Егејското Море, Грција се очекува да инсистира дека тие мора да останат таму за поголема контрола на бегалците што патуваат од Турција кон Грција или другите европски држави.

Во врска со приемот на Македонија во Алијансата, во Грција не постои никаква загриженост или вознемиреност. Нема очекувања дека прашањето за прием на Македонија ќе биде поставено во овој момент ниту, пак, дека ќе има некакви големи притисоци врз Грција на оваа тема, главно поради политичката криза која владее во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...