fbpx

Штрајкот на грчката железница продолжен до вторник

-

Вработените во грчката железница одлучија да го продолжат штрајкот и прекинот на работата до вторник. Гневни на одлуката да се продолжи со приватизацијата, вработените вчеравечер ненадејно ги откажаа сите возови низ Грција од денеска па сè до вторник.

Железницата неделава штрајкуваше од понеделник до четврток, па со продолжувањето на штрајкот Грција останува без возови вкупно девет дена во екот на летната сезона. Од понеделник до среда имаше постојани прекини на работата и беа одложени сите возови на релација Атина – Солун, додека вчера железницата имаше 24-часовен штрајк со што беше блокирана и работата на локалните возови низ атинските предградија.

Со ова се очекува дополнително да се парализира транспортот на граѓаните и на туристите на најчестата релација за патување. Во суштина, на патниците им останува опција да платат или 45 евра за автобуски билет или, пак, да ја пробаат среќата со авионските билети. Штрајковите дополнително создаваат уште поголеми финансиски штети за работењето на грчката државна компанија.

Вработените реагираат на одлуката да се приватизира целосно железницата, процес кој е неминовен поради лошата финансиска ситуација на железницата и притисоците од европските кредитори, кои веќе шест години инсистираат да се приватизира оваа државна компанија. Досега сите тендери за продажба на железницата пропаднаа.

Како што јави вчера „Мета“, сега се очекува исходот од последниот тендер кој се затвори во средата вечерта и на кој понуда до Фондот за приватизација поднесе само Италијанската државна железница. Фактот што на тендерот беа очекувани, а не се пријавија Руската и Француската државна железница, предизвика големо изненадување во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...