fbpx

Попоски на подготвителен министерски состанок за самитот Париз-Балкан 2016

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски денеска во Париз учествува на подготвителниот министерски состанок за Самитот Париз-Балкан 2016, кој на 4 јули ќе се одржи во француската престолнина

Министрите на состанокот ќе известат за подготовките на своите земји за Самитот во Париз во областите на инфраструктурните проекти, како и за статусот на иницијативата за воспоставување Регионални канцеларии за млади.

На состанокот ќе се разговара и за актуелни политички теми, како што е миграцијата, безбедносните предизвици и регионалната соработка.
Покрај министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан, на состанокот ќе учествува и министерот за надворешни работи и меѓународен развој на Франција, Зан Марк Еро.

На маргините на состанокот, како што соопштија од македонското МНР, Попоски ќе оствари повеќе билатерални средби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...