fbpx

Клинтон: Трамп би можел да ја банкротира Америка

-

Претендентката за номинација за кандидат на Демократската партија на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон изјави дека економската политика на Доналд Трамп ќе придонесе за намалување на платите, работните места и за зголемување на долгот.

Клинтон, обраќајќи се на конвенцијата на синдикатите во Детроит, рече дека Трамп би можел да ја доведе до банкрот Америка, како што тоа го направил со своите компании.
„Прашајте се, како некој кој држи казино може да изгуби пари – рече Клинтон.

Таа го критикуваше повикот на Трамп за депортација на милиони луѓе кои во САД живеат илегално.

– Тој зборува за протерување деца од земја во која се родени и за која единствено знаат – рече Клинтон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...