fbpx

Попоски на самит во Париз: Потребно е ЕУ да ја зајакне финансиската помош за регионот

-

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз под покровителство на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, информираат од Министерството за надворешни работи.

На сесијата на министрите за надворешни работи се дискутирало за прашања од областа на миграциите, борбата против тероризмот и радикализацијата, политиките за младите и за економските реформи како еден од условите за пристапувањето во ЕУ.

Како што соопштуваат од министерството, Попоски истакнал дека покровителството на Франција и на Германија на самитите на високо ниво посветени на земјите од Западен Балкан, како највлијателни земји членки на ЕУ, се најдобра гаранција за враќање на кредибилитетот на проширувањето и перспективата регионот да стане дел од ЕУ.

„Франција и Германија денеска потврдуваат дека ветувањето за цел Балкан во ЕУ ќе биде исполнето. Веројатно за повеќемина се научени лекциите од минатото, кога Балканот беше извор на нестабилност. Најдобар начин тоа да се избегне повторно е интегрирањето на цел регион во ЕУ“, истакнал Попоски.

Тој заклучил и дека е потребно ЕУ да ја зајакне финансиската помош за регионот што ќе придонесе за унапредување на инфраструктурното поврзување помеѓу земјите и за зголемување на инвестициите.

Според Попоски, важно е барањето механизми за надминување на билатералните спорови да остане високо на агендата на процесот, како помеѓу земјите кандидати, така и помеѓу земјите кандидати и земјите членки на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...