fbpx

Столтенберг: Не сакаме студена војна со Русија

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Варшава, на eкспертскиот форум кој се одржува во рамки на самитот на НАТО, порача дека западниот воен сојуз не бара судири и не сака нова Студена војна затоа што таа треба да остане во историјата, а одговорите на сите предизвици, меѓу кои е и зајакнувањето на источното крило кон Русија со четири баталјони, да се спроведуваат транспарентно и примерно.

– Не сакаме нова Студена војна. Студената војна е историја и треба да остане историја. Ќе продолжиме да бараме конструктивен дијалог со Русија. Сакаме да ги разјасниме сите недоразбирања и да ги намалиме ризиците од воени инциденти кои би можеле да излезат од контрола – рече Столтенберг пред учесниците на експертскиот форум.
Првиот човек на Северноатланската алијанса нагласи дека Русија е најголем сосед на НАТО и интегрален дел од европската сигурност.

Дводневниот самит во Варшава, според Столтенберг, треба да одлучи за најголемото зајакнување за капацитетите за одбрана од крајот на Студената војна.

Самитот на НАТО почнува попладне, на Народниот стадион во Варшава, а учествуваат 65 делегации од 54 земји членки и партнерски земји, ЕУ, ОН и од Светската банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...