fbpx

Партиите со нов обид за напредок во преговорите

-

Почна средбата на претставниците на политичките партии со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и со евроамбасадорот Аиво Орав во резиденцијата на Европската Унија во Пржино.

На средбата, ставовите на партиите и денеска ги застапуваат истите претставници како вчера, односно Рената Дескоска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Главна тема на денешната средба би требало да бидат реформите во медиумите и прочистувањето на избирачкиот список.

Исходот од вчерашната средба за владејачките ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е добар и нивните претставници по средбата изјавија дека бил постигнат напредок, но СДСМ преку соопштение изрази сосема спротивно мислење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...