fbpx

Иванов денеска ќе се обрати на Самитот на ПСЈИЕ во Бугарија

-

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе учествува и ќе има обраќање на Самитот на шефови на држави и на влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Самитот, кој одбележува 20 години од иницијативата и е насловен „ПСЈИЕ – 20 години клуч кон регионална соработка“, се одржува во рамките на бугарското претседателство.

Македонскиот претседател веќе се сретнал со својот бугарски колега, Росен Плевнелиев, кој е домаќин на Самитот, а утрово е предвидено да има средба и со премиерот на владата на Бугарија, Бојко Борисов.

На денешниот Самит лидерите од регионот ќе разговараат за поврзување на државите со патна и енергетска инфранструктура, како и за борбата против радикализмот и тероризмот.

Од денеска претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа го презема Хрватска, чиј министер за надворешни работи Миро Ковач ги најави приоритетите на неговата земја.

– Ќе се фокусираме на солидарност за подобро решавање на мигрантската криза. Како второ ќе им помогнеме на земјите кандидати на патот кон Европската Унија. Сакаме да ги поддржиме нашите соседи и сакаме да станат членки на европското семејство – изјавил Ковач, пренесува „Телма“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...