fbpx
Таг: родова еднаквост

таг: родова еднаквост

Хелсиншкиот комитет врши обуки за родова еднаквост за претставнички на спортски федерации

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска започна со обуки за родова еднаквост на кои учествуваат претставнички на спортски федерации. Ова е првата активност по потпишувањето на Меморандум за соработка со Олимпискиот комитет на Северна Македонија за унапредување на родовата еднаквост во спортот и превенција и заштита од родово базирано насилство во спортскиот сектор, информираат од Хелсиншкиот комитет. Обуките ги спроведуваат...

Бесплатни средства за менструална хигиена во училиштата – реалност или неостварлива желба

Што претставува „менструалната сиромаштија“, колку од нашите сограѓанки кои менструираат имаат пристап до средства за менструална хигиена, дали бесплатни средства за менструална хигиена во училиштата може да бидат реалност или само неостварлива желба. Ова се прашањата на кои ќе се дискутира во петок на 12 ноември со почеток во 13 часот, во Europe House во Скопје. На овој настан, Здружението...

Родова еднаквост во политиката: Од зборови да се прејде на дела, ред е на мажите да престанат со опструкции

По 73 години откако Вера Ацева беше првата градоначалничка на Скопје во далечната 1948, денеска Данела Арсовска официјално ќе почне да ја врши својата функција. Таа и градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска ја добија довербата на гласачите, кои на овие локални избори, од вкупно 297 кандидати за градоначалници, имаа можност да гласаат само 26 жени. Според активистките за правата...

Важно е мажите да се вклучат во неплатената грижа за постигнување на родова еднаквост

Денеска се одржа панел дискусија на тема Мажите и грижата: Грижлив маскулинитет во Северна Македонија, која што беше организирана од Реактор – Истражување во акција. На панелот, се дискутираше за важноста од вклучување на мажите во грижата и родовата еднаквост, европските практики и резултати на оваа тема, напорите кон воведување на политики за унапредување на вклученоста на мажите во грижата...

Локални избори: Чекори наназад за женската застапеност, дали квотите се решение за овој проблем?

Иако родовата еднаквост е на агендата и „приоритетите“ на политичките партии, сепак не може да се каже дека истото се спроведува во пракса. Ова го покажуваат резултатите од локалните избори годинава, при што само две жени успеаја да победат за да ги водат општините, пишува Порталб.мк. Застапеноста останува под минимумот, и дали ова значи дека треба да се постават загарантирани...

Како беше одбележан светскиот месец посветен на борбата против ракот на дојка

Месецот октомври од 1985 година е прогласен за месец посветен на свесноста за ракот на дојка. Секоја година во периодот на октомври се организираат различни настани за подигнување на свеста. Здружението „Борка-за секој нов ден“ е предводник на настаните поврзани со овој месец кај нас, со цел да се подигне свеста за постоечката битка со која многу жени секојдневно се...

Само две кандидатки избрани за градоначалнички на локалните избори во земјава

Во вчерашниот втор круг од локалните избори во земјава, само две кандидатки добија доволен број гласови за да бидат избрани за идни градоначалнички на општините. Останатите 79 градоначалнички позиции им припаднаа на мажите. Единствен исклучок се идната скопска градоначалничка Данела Арсовска, која што како кандидат беше поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и Жаклина Јовановска од СДСМ, која се избори...

Живка Ѓурчиновска: На младите земјоделки им требаат услови и финансиска поддршка за да бидат рамноправни

Живка Ѓурчиновска е жена на која воопшто не ѝ претставува проблем да вози трактор. Таа е вредна земјоделка и мајка на три деца, која со своето семејство живее во Гостиварското село Тумчевиште, во северозападниот дел на Македонија. Ѓурчиновска е веќе 11 години е регистрирана земјоделка, а со оваа професија се занимава веќе 20 години. Произведува пченка, пченица, грав, компир и...

Во САД издаден првиот пасош со родово неутрален знак

САД го издаде првиот пасош кој има знак „Х“ наместо регуларните знакови за машко или женско, што имплицира на тоа дека личноста не се дефинира ниту како машко ниту како женско, соопшти американскиот Стејт департмент, пренесе Асошиејтед прес. Од Стејт департментот рекоа дека се очекува да бидат во можност да го понудат ваквиот пасош на повеќе луѓе кои ќе поднесат...

Вистиномер: Семејното насилство во охридскиот регион во пораст, во струшко жртвите молчат

Семејното насилство во охридскиот регион е во пораст. Тоа е главно резултат на  лошата материјална, па и здравствена состојба, што, пак, неминовно влијае на заострување на односите во семејството и зголемување на тензиите, нетолрантноста, агресијата… Во целата ситуација е добро што жртвите се охрабруваат да пријавуваат. Само лани во охридскиот регион регистрирани се околу 150 случаи на вакво кривично...

На плоштадот во Гостивар може да се видат вознемирувачките пораки кои девојките ги добиваат онлајн

Гостиварскиот плоштад исполнет со најчестите вознемирувачки пораки кои онлајн секојдневно ги добиваат младите девојки. Овие пораки беа претставени на изложбата „Од инбокс, на плоштад“, која што се реализираше во рамки на кампањата “Seen” (Видено) на Центарот за еднакви можности „Mollëkuqja“ (Бубамара), пишува Порталб.мк. Развојот на технологијата значително го зголеми сексуалното вознемирување што се случува на интернет, поради што многу девојки...

Во петок промоција на „Архиви на невидливите“ – публикација, конференција и изложба за жените во историјата

Во петок (29 октомври), со почеток од 13 часот, во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) ќе ја промовира публикацијата, а ќе одржи и конференција и изложба кои во фокус ги имаат жените во историјата и историографијата на жените во периодот помеѓи двете светски војни, информираат од ЦИНИК. Настанот ќе започне со...

Објавен првиот прирачник за предавање на контроверзни теми во училница

Предавање и дискусија на контроверзните теми сè уште претставува предизвик за наставниците од училиштата во нашата земја, па затоа дури 86 отсто од учениците никогаш немале можност да разговараат за тековни општествени прашања во рамки на образованието. За да се надмине ваквата состојба, Здружението LEAD го издаде првиот прирачник за предавање на контроверзни теми во училница, наменет за наставници и...

Реактор: Две години по ковид пандемијата, родовата нееднаквост станува уште понагласена

Речиси две години од почетокот на пандемијата со Ковид 19, состојбата продолжува да ги акцентира нееднаквостите во сите сфери на живеењето, а родовата нееднаквост станува уште понагласена, велат од Реактор - Истражување во акција. Од Реактор велат дека во просек жените во Северна Македонија извршуваат 72,5 отсто од вкупната неплатена работа за грижа, додека придонесот на мажите едвај надминува една...

Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, велат од Коалиција МАРГИНИ

Извештајот на Европската Комисија за 2021 година го забележува донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за чие донесување се потенцира дека беше обезбедена меѓупартиска поддршка, велат од Коалиција МАРГИНИ. Во Извештајот се забележува и клучната улога на граѓанскиот сектор во мониторирање на работата на институциите и во учеството во донесувањето на одлуки во областа на антидискриминацијата. „Со Извештајот...

Собрани 1.223 приказни на граѓаните за климатските промени во земјава, најмногу поплаки од поплавите

Портфолиото за животна средина на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава иницираше студија за да собере прашања и искуства од прва рака од луѓето во однос на тоа како тие се справуваат со ефектите од климатските промени, при што преку онлајн прашалник биле собрани 1.223 приказни во период од еден месец на национално ниво. Методологијата на истражување...

Реактор отпочна онлајн кампања за подигање на свеста против сексуално вознемирување на работното место

Реактор – Истражување во акција лансираше онлајн кампања за подигање на свеста против сексуалното вознемирување на работното место. Кампањата е составена од неколку информативни објави, кои имаат за цел да ги информираат граѓанките и граѓаните за формите на сексуално вознемирување на работното место, законите според кои ова дело е казниво, како и да се дадат примери кои се базираат...

ЗНМ: Осуда на понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува јавниот понижувачки однос на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21 и бара јавните чинители да внимаваат на нивниот однос, посебно кон жените новинарки во државата. „Имено, додека новинарката Салије Садику, известувала за локалните избори во Северна Македонија се соочила со непријатна ситуација проследена...

Реактор и ХЕРА со проект за мулти-професионална превенција на родово засновано насилство

Со заедничкиот состанок меѓу Реактор – истражување во акција, ХЕРА - Aсоцијација за здравствена едукација и истражување и претставници на институциите, кој се одржа вчера (14 октомври 2021 година), се одбележа отпочнувањето на проектот „Воспоставување на мулти-професионална превенција на родово засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвите и советување на мажите во Република Северна...

Програма за социјално и економско јакнење нуди бесплатна обука за шиење, пријавување до 20 октомври

Од следниот месец жените кои имаат желба својата креативност да ја преточат во изработка на облека и други нешта кои може да се создадат од текстил, а не знаат како, ќе имаат можност да научат. Бесплатниот курс за стекнување вештини во шиење ќе трае три месеци. Ќе го води професионална обучувачка преку проектот „Социјална, Правна и Хуманитарна Помош за Локално...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...