fbpx

Како беше одбележан светскиот месец посветен на борбата против ракот на дојка

-

Месецот октомври од 1985 година е прогласен за месец посветен на свесноста за ракот на дојка. Секоја година во периодот на октомври се организираат различни настани за подигнување на свеста.

Здружението „Борка-за секој нов ден“ е предводник на настаните поврзани со овој месец кај нас, со цел да се подигне свеста за постоечката битка со која многу жени секојдневно се соочуваат.

И оваа година по повод октомври – Месецот за борба против рак на дојка беше организиран настан кој се одржа на 22 октомври во Рамстор Мол. Гости со свое обраќање на настанот беа сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, потоа генералната директорка на Рамстор Македонија, Даниела Адемоска, и претседателката на здружението „Борка-за секој нов ден“, Биба Додева. Фокусот беше поставен кон апел за навремено извршување на прегледи и пријавување кај лекар, но се обрна внимание и на навременото овозможување за преглед на пациентите кое во моментов е отежнато.

Фото: Здружение БОРКА, Фејсбук страна

Додева потенцираше и да почне да се применува мултидисциплинарниот пристап како начин за лекување на секаков вид на рак. Исто така, таа истакна дека најголемиот проблем лежи во доцното дијагностицирање, поради што навремено овозможените прегледи се од исклучителна важност.

По повод настанот, но и по значењето на фактот што 60 отсто од вработените во Рамстор се припаднички на женската популација, Рамстор Мол како општествено одговорна компанија беше обоен во розово со цел да се зголеми свеста и да почне отворено да се зборува за ракот како излечива болест.

На истиот ден беше организирана и 14 национална конференција со тема „Справување со предизвиците во борбата со ракот на дојка“. Конференцијата беше онлајн и линкот за присуство беше јавно достапен. Свое обраќање на истата имаа Биба Додева, министерот за здравство, Венко Филипче, Д-р Драгана Могилевска – Груевска, специјалист по ренгендијагностика, ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Кочани, Д-р Мери Пешевска, специјалист радиотерапевт – онколог, Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – УКРО Скопје, Д-р Нино Васев, специјалист онколог, Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – УКРО Скопје, Доц. Д-р Сц. Весна Рамљак, прим.др.мед. од Клинички болнички центар „Сестре Милосрднице“ од Загреб, Хрватска.

По завршување на сите обраќања, следуваше панел дискусија на тема „Воведување на мултидисциплинарен пристап при лекување на карцином на дојка со цел подобрување на квалитетот на лекувањето на пациентите”.

На 16 октомври беше организирана трка и прошетка, што е дел од најголемата европска трка посветена на женското здравје.

Инаку, Здружението „Борка-за секој нов ден“ е формирано за поддршка на пациентите заболени од рак од страна на пошироката јавност, јавните здравствени институции и невладиниот сектор, во нивните напори да спроведат активности кои ќе се спротивстават на сите видови на рак. Целта е да постои асоцијација или здружение кое ќе ги третира сите видови на рак и ќе се бори против ракот генерално.

Секоја година месецот октомври е во духот на розовата боја и одбележувањето на неговото значење, благодарејќи на заложбите оддадени од ова здружение кон граѓаните и пациентите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...