недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: рак на дојка | 19 резултати

Светски ден на ракот: Дневно во земјава умираат по 10 луѓе

февруари 4, 2024

Денеска се одбележува Светскиот ден на ракот, а земјава денот го дочекува во период кога речиси целата доверба во здравствениот систем е расклатена со отворањето на истрагата за случајот „Онкологија“, во кој се осомничени поранешните медицински и организациски директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи и тројца доктори – онколози. Паниката и […]

Водителка на Си-ен-ен за време на вестите откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојка

јануари 9, 2024

Водителката на Си-ен-ен, Сара Сиднер, вчера соопшти дека во моментов е на третман за рак на дојка во трет стадиум. 51-годишната презентерка својата дијагноза ја соопшти во емотивна исповед во информативното издание „CNN News Central“. На гледачите им кажа дека веќе втор месец прима хемотерапија и дека ќе биде подложена на зрачење и двојна мастектомија. […]

Догодина скрининг за рак на дебело црево, најавува Министерството за здравство

декември 16, 2023

Министерството за здравство планира започнување на скрининг за карцином на дебело црево од 2024 година кое ќе се изведува исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ. Во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања. Оваа програма, освен што опфаќа скрининг за рана детекција и скрининг за рак […]

Д-р Стојановиќ Чрчева: Загадувањето на воздухот, почвата и водата го зголеми ризикот за појава на карцином на дојка

октомври 11, 2023

Речиси 25 проценти од малигните заболувања кај жените припаѓаат кај ракот на дојка, покажува 10-годишниот просек од Институтот за јавно здравје. Приближно 300 жени на годишно ниво, или речиси по една жена дневно, го губи животот како последица на карцином на дојка во земјава. Старосната граница се намалува, а бројот на дијагностицирани жени се зголемува. […]

Дневно по една жена во земјава ја губи битката со ракот на дојка, расте и бројката на дијагностицирани

октомври 10, 2023

Најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2022 година е малигната неоплазма на дојка, се вели во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според презентираните податоци по години, забележливо е дека расте и бројот на новозаболени и бројот на смртни случаи, за разлика од минатите години. Па така, од […]

Нема термини за мамографија, Mинистерството ветува промени од септември

јули 28, 2023

Раната дијагностика значи успешно лекување за многу болести. Барем така апелираат сите доктори, препорачувајќи да се прават редовни годишни прегледи, особено кога станува збор за оние за кои има голема веројатност да се излечат, доколку рано се дијагностираат, како што е ракот на дојка. Сепак, за огромен број жени невозможно е да се стигне до […]

МЗ: Од 936 закажани термини месецов, само 390 жени отишле на мамографија

ноември 11, 2022

Во периодот од 1 до 10 овој месец, вкупно 963 жени закажале термин за мамографија во државата, а од нив терминот го искористиле вкупно 390 жени, додека пак, закажаниот термин не го искористиле вкупно 573 жени. Овие информации ги објави Министерството за здравство, од каде што потсетуваат дека од 1 ноември е продолжена националната скрининг […]

MЗ: Од 1 ноември бесплатна мамографија за жените во скрининг програмата

октомври 18, 2022

Жените од возрасната група од 45 до 69 години кои не направиле мамографија последните две години, имаат право на бесплатна мамографија, најавија од Министерството за здравство. Оттаму информираат дека жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор ќе имаат можност самоиницијативно […]

Како беше одбележан светскиот месец посветен на борбата против ракот на дојка

ноември 2, 2021

Месецот октомври од 1985 година е прогласен за месец посветен на свесноста за ракот на дојка. Секоја година во периодот на октомври се организираат различни настани за подигнување на свеста. Здружението „Борка-за секој нов ден“ е предводник на настаните поврзани со овој месец кај нас, со цел да се подигне свеста за постоечката битка со […]

Првата дама во посета на пациентите на хемотерапија и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

октомври 29, 2021

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Кабинетот за психолошка поддршка во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија по повод одбележувањето на Октомври – Месецот на борба против рак на дојка, соопштија од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Првата дама беше придружувана од директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, спец. […]

Велевска: Државата е глува за нашите пациенти заболени од рак, плаќаме насекаде освен на Онкологија

октомври 16, 2021

Една од болестите со која се соочуваат околу 1.200 жени годишно во Северна Македонија е ракот на дојка. Октомври во светот е познат како месец за подигнување на свеста и информирање со цел во одредени случаи да се спречи оваа смртоносна болест, пишува Порталб.мк. Наташа Дачковска Велевска го има поминато патот на пациентка со рак […]

Филипче на настанот „Напред розово“: Има терапија за сите пациенти со онколошка дијагноза

септември 27, 2020

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на 12. розова прошетка наречена „Напред розово“ во организација на Здружението „Борка – За секој нов ден“ порача дека денеска, кога се одбележуваат и три години од одличната соработка на Министерството за здравство со Здружението Борка, во земјава веќе има терапија за сите пациенти со онколошки, односно малигни […]

МЗ: Над 30 молекули биолошка терапија за жените со рак на дојка

ноември 5, 2019

Министерството за здравство со централизирана набавка обезбеди над 30 молекули скапа биолошка терапија што не е на позитивната листа на лекови, а им е достапна на пациентите со рак на дојка. Со ваквата набавка, сите жени со рак на дојка имаат терапија, информираат од Министерството за здравство. „Воведена е новина за двојно читање на мамографските […]

Раното откривање и редовните прегледи се основните чекори во борбата против ракот на дојка

октомври 31, 2019

Со презентирање на новата иновативна терапија составена од биолошките лекови, од неодамна присутни и во Македонија и под мотото „Има живот и после ракот, научи како да го живееш” се одржа 12 – тата годишна Национална конференција за рак на дојка. И оваа година, од говорниците беше испратена силна порака до сите жени дека превенцијата, […]

Отштета од 60 милиони евра за жени со дефектни импланти за дојки

јануари 24, 2017

Француски суд пресуди дека германскиот контролор на безбедноста „ТУВ Рајнланд груп“ (TÜV Rheinland Group) ќе мора да плати вкупно 60 милиони евра отштета на 20.000 жени кои добиле дефектни импланти за дојки што биле одобрени за употреба од оваа група. „ТУВ Рајнланд“ ќе мора да исплати по 3.000 евра со клаузула за враќање, на секоја од […]

Страна 1 од 1