fbpx

Догодина скрининг за рак на дебело црево, најавува Министерството за здравство

Во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања. Оваа програма, освен што опфаќа скрининг за рана детекција и скрининг за рак на дојка, опфаќа и скрининг за карциноми на грлото на матката

-

Министерството за здравство планира започнување на скрининг за карцином на дебело црево од 2024 година кое ќе се изведува исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ.

Во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања. Оваа програма, освен што опфаќа скрининг за рана детекција и скрининг за рак на дојка, опфаќа и скрининг за карциноми на грлото на матката.

„Во план за јавни набавки се ставени и одредени коили. Тоа се додатоци на магнет, меѓу кои има и коил за дојка за да може во специјалистичките кабинети да се изведуваат и пософистицирани методи за дијгностика. Во моментот магнет за дојка работи само во ОБ 8ми Септември. Магнетот на дојка се прави на пациентки што се во помлада возраст, доколку имаат некои промени под 40 години, каде што мамографијата не е клинички индицирана. Формирана е и национална комисија ,,Тумор Борд” за пациенти со дијагностициран рак на дојка, која ќе работи на патеката кај овие пациентки.Комисијата ја сочинуваат специјалисти од повеќе клиники кои се вклучени во процесот“, информираат од министерството.

На скрининг ова година биле пријавени 10.000 пациентки, додека реализирани биле 4.900 скрининг мамографии. Од Министерството за здравство апелираат жените кои ги добиваат пораките преку телефонски број да ги почитуваат термините, а доколку не се во можност да одат на терминот, истиот да го откажат со цел да се предаде терминот на друга пациентка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...