fbpx

Во САД издаден првиот пасош со родово неутрален знак

-

САД го издаде првиот пасош кој има знак „Х“ наместо регуларните знакови за машко или женско, што имплицира на тоа дека личноста не се дефинира ниту како машко ниту како женско, соопшти американскиот Стејт департмент, пренесе Асошиејтед прес.

Од Стејт департментот рекоа дека се очекува да бидат во можност да го понудат ваквиот пасош на повеќе луѓе кои ќе поднесат документи на почетокот од 2022 година, велат од таму.

„Ламбда Легал“, непрофитна ЛГБТ организација која ја застапува личноста Зим, сподели дека таа е припадник на првиот пасош со родово неутрална ознака. Зим претходно имал/а започнато судска постапка за добивање на ваков пасош во 2015 година.

„Ми одзеде шест години, но да поседуваш соодветен пасош што нема да те присили да си го дефинираш родот дали е машки или женски, туку што ќе препознава дека сум ниедно од нив е навистина ослободувачки“, изјавил/а Зим, пренесува NBC News.

Американскиот Стејт департмент уште во јуни годинава најави дека САД полека се движи кон додавање на уште еден знак за одредување на родот во пасошите. Со донесување на оваа одлука и имплементирање на истата во пракса, САД им се приклучи на уште 11 други земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Германија и Индија, кои го нудат ова како опција во своите патни исправи.

Граѓаните на САД повеќе нема да се принудени да достават лекарска потврда како претходно доколку нивниот пол не се совпаѓа со оној внесен во матичната книга на родените за добивање на патна исправа.

Досега само во 20-тина сојузни држави, заедно со Вашингтон ДС, е дозволено користење на возачки дозволи со родова ознака „Х“, додека во останатите држави од САД сѐ уште ќе се бара лекарска потврда, судска одлука или доказ за направена полова операција. Во 22 земји се дозволува одбележување на полот без ограничување во две категории, затоа што законите во сите земји се измешани и не се доволно јасни да го дозволат ова, известуваат од nbcnews.com.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...