fbpx

Хелсиншкиот комитет врши обуки за родова еднаквост за претставнички на спортски федерации

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска започна со обуки за родова еднаквост на кои учествуваат претставнички на спортски федерации. Ова е првата активност по потпишувањето на Меморандум за соработка со Олимпискиот комитет на Северна Македонија за унапредување на родовата еднаквост во спортот и превенција и заштита од родово базирано насилство во спортскиот сектор, информираат од Хелсиншкиот комитет.

Обуките ги спроведуваат Бојана Јовановска, Наташа Петковска и Ина Џугуманова, преку три модули: родова (не)еднаквост, дискриминација на жени и родово базирано насилство.

Во своето воведно обраќање на настанот, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, посочи дека жените во спортот се соочуваат со големи предизвици, бидејќи на спортот најчесто се гледа како на ексклузивна професија за мажите. Работата со жените во спортот е важна за да се развие нивниот сенс да препознаат повреда на нивното право, да знаат каде можат да се обратат и како да се заштитат.

„Тоа е борба која трае во континуитет. И покрај тоа што општеството оди напред, ние се уште се соочуваме со еден тврд и закоравен став на машката популација, особено на оние кои што имаат некаква висока позиција во однос на жените. Жените сѐ уште кај нас се помалку платени, жените сѐ уште се во најголем процент жртви на семејно насилство, а женската експлоатација и дискриминација е сѐ уште многу поголема од онаа со којашто се соочуваат мажите“, истакна Пировска.

Советничката за спорт на премиерот, Силвија Митевска изјави дека многу се радува што постои интересно партнерство меѓу Олимпискиот комитет и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Таа посочи дека на денешните обуки се вклучени претставнички од кошаркарска, боречката, спортско-стрелачката, тениската и карате федерацијата, кои ќе бидат пример како се креираат родовите политики во самите структури, а понатаму ќе се продолжи со градење капацитети и во останатите федерации.

На настанот се обрати и претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димовски, кој истакна дека во земјава веќе има две претседателки на национални спортски федерации, во лизгачки спортови и во атлетика.

Заедничките активности на двете организации на полето на родовата еднаквост ќе продолжат и во иднина. Следна важна цел на воспоставената соработка е изработка на правилник за безбеден спорт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...