fbpx
Таг: Претседателски избори

таг: Претседателски избори

ССНМ изрази солидарност со белоруските медиуми и медиумски работници

Синдикатот на новинари и медиумски работници во Македонија изрази солидарност со Белоруската асоцијација за новинари по репресијата на медиумите и медиумските работници која се засили во Белорусија по неодамнешните случувања со протестите. Состојбата со протестите во Белорусија ексалираше по спорните претседатели избори одржани во неделата. Вчера во државата беше исклучен интернетот. Светските агенции јавуваат дека полицијата употребува брутална сила против...

Канје Вест пак сака да се кандидира за претседател на САД

На 5ти јули на својот Твитер профил раперот Канје Вест објави дека ќе се кандидира за претседател на претстојните избори во САД со слоганот #2020VISION. Ова не е прв пат тој да изјави дека ќе се кандидира за претседател откако во 2015 на МТВ видео наградите изјави дека има намера да се кандидира во 2020 година. https://www.youtube.com/watch?v=r3pdtQy1zVk   Покрај оваа изјава Канје...

Јавните пари во медиумите ја убија новинарската критика (инфографик)

Државата повторно станува еден од најголемите огласувачи во медиумите, со што се отвара можност политичките партии да влијаат на начинот на известување на новинарите. Од 2015 година, кога под притисок на новинарските здруженија и на меѓународниот фактор, владата на Груевски беше принудена да прогласи мораториум на владиното рекламирање, последните две години количеството на јавни пари во медиуми во разни...

На „Србија данас“ и фали едно „и“ за Пендаровски и албанските гласови

Антизападниот српски онлајн медиум „Србија Данас“ вчера објави текст за резултатите од вториот круг на претседателски избори во Македонија, кој не е ништо друго туку - ред шпекулации и клевети, а ред ветер во магла. Текстот, полн со шпекулаци и клевети, претставува и директен атак врз новоизбраниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Во текстот се вели дека Пендаровски победил благодарение на...

„Њујорк тајмс“ погрешно ја претстави претседателската кандидатка на опозицијата

Во својата, генерално коректна, статија за исходот на претседателските избори во Македонија, весникот „Њујорк тајмс“ објави и неточна информација за тоа како кандидатката на опозицијата воопшто стана претседателски кандидат. Во текстот „Поддржувачот на промената на името на Северна Македонија стана претседател“, „Њујорк тајмс“ пишува: „Експертот по уставно право и професор на Правниот факултет во главниот град, Скопје, г-ѓа Сиљановска - Давкова...

Честитки до Пендаровски од Столтенберг, Хан и Курц

Честитки за новиот претседател, Стево Пендаровски, стигнаа и од еврокомесарот Јоханес Хан, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, но и од австрискиот канцелар Себастиан Курц. „Со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ-агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни“, напиша Хан на Твитер, додавајќи дека Македонија може да...

Заев: Верувам дека ќе продолжиме рамо до рамо со развиениот свет

Денеска, е прво најважно да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на земјата наша. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата наша. Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет, порача премиерот...

Алијанса: Сиљановска и Пендаровски да се извинат на Албанците, а тие, пак, да гласаат по своја волја

„Алијанса за Албанците“ оценува дека „вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните, дека во фокусот на кампањата на двајцата кандидати не е Држава за сите, туку Држава и Власт на македонска партија или поединец, кој што, во минатото и сегашноста повеќе ги дискриминирал или вршел насилство врз Албанците“, и побара извинување од двајцата претседателски...

Последен ден од кампањата, од полноќ изборен молк

Фото: Борче Поповски
Кандидатите за претседател на државата, Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова и нивните тимови до денеска на полноќ ќе имаат можност да ги убедуваат гласачите да им го дадат својот глас во вториот круг на претседателските избори в недела. Од полноќ се до 19 часот в недела ќе трае изборниот молк, во кој е забрането какво било агитирање. Гласачките места в недела,...

Анализа: Во вториот круг претседателот ќе го избираат гласачите Албанци

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од претседателските избори во неделата, освен што мина со една од најмалите излезности на изборите и други плебисцитарни форми во самостојна Македонија, донесе и шок за владејачката коалиција. Нивниот кандидат, Стево Пендаровски, оствари речиси микронска предност од својата главна конкурентка за позицијата шеф на државата, Гордана Сиљановска - Давкова, односно во вториот круг влегува во предност од...

Првиот круг беше мирен и транспарентен, велат меѓународните набљудувачи

Претседателските избори во Северна Македонија се добро спроведени, но на законската рамка сѐ уште ѝ треба подобрување, велат меѓународните набљудувачи, кои вчера ги презентираа првичните наоди. - Фундаменталните слободи на собир и изразување беа почитувани и денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен. Меѓутоа, сѐ уште има голема потреба од широка изборна реформа - порачаа тие. Според Серин Моборн, специјална...

Прв круг со најмала разлика во последните пет избори (инфографик)

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од претседателските избори што се одржа вчера ја има најмалата разлика во гласови меѓу двајцата кандидати на последните пет круга претседателски избори, односно Стево Пендаровски освои само 4.606 гласови повеќе од Гордана Сиљановска - Давкова. Поради тоа, многу се мали и шансите за успешно предвидување на исходот од вториот круг, ако се обидуваме да правиме споредба со...

МОСТ: Првиот круг во фер и демократска атмосфера

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера. Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Во текот на изборниот ден беа забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеја на квалитетот на изборниот процес и на кои имаше соодветна реакција од надлежните органи, соопшти Граѓанската асоцијација МОСТ. Изборната...

Река: Резултатот на изборите ги надмина нашите очекувања

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река, кој отпадна од претседателската трка, ги оцени изборите како фер, слободни и демократски, а нагласи дека нема доволна излезеност поради неажурираниот избирачки список, кој брои околу 1,8 милиони гласачи, но, како што рече Река, од земјава се иселени повеќе од 250.000 лица и реалниот број на гласачи е околу...

Бајрами: Инцидентот во Студеничани не е пријавен

Претседателот на Комисијата за следење на изборни нерегуларности во Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами по затворањето на гласачките места изјави дека до тој момент до обвинителството и до МВР не е пријавен настанот во Студеничани каде едно избирачко место утрово не беше отворено бидејќи, како што објави МОСТ дека лицето кое го поседувало клучот од избирачкото место...

Магнатот Порошенко загуби од комичарот и имитатор Зеленски

Комичарот Володимир Зеленски, познат по имитациите на досегашниот, Петро Порошенко, ќе биде следниот претседател на Украина, покажуваат резултатите од излезните анкети. Според анкетите, тој има повеќе од 70 отсто поддршка. Доминираше во првиот круг на гласање пред три недели, кога на ливчето беа 39 кандидати. Зеленски (41) му беше противкандидат на актуелниот претседател Петро Порошенко, кој во политиката влезе како индустријалец,...

Ахмети: Зa ДУИ е прифатливо претседателот да се избира во Собранието

Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ) вчера во интервју за ТВ 21 изјави дека за неговата партија е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори. – Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е...

За победа во првиот круг на изборите неопходни се 904.066 гласа

На претседателските избори, чиј прв круг треба да се одржи в недела, ќе може да гласаат 1.808.131 избирач.  Според член 81 од Уставот, победа во првиот круг за некој од тројцата кандидати - Блерим Река, Гордана Сиљановска - Давкова и Стево Пендаровски - може да им донесе мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не...

Почна претседателската кампања, Силјановска стартуваше по полноќ од родната куќа во Охрид

Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река денеска ја почнуваат кампањата за шестите претседателски избори. Кампањата на Силјановска-Давкова, која е претседателски кандидадат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, почна од Охрид, кратко по полноќ, пред нејзината родна куќа. Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Пендаровски ќе го стартува своето претставување пред гласачите во Прилеп, а Река, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците...

Во ДИК доставени и кандидатурите на Пендаровски и Силјановска

Два дена откако во Државната изборна комисија (ДИК), својата претседателска кандидатура, заедно со потписи од над 11.000 подржувачи, ја поднесе Блерим Река, денеска во ДИК беа поднесени и кандидатурите на Стево Пендаровски и на Гордана Силјановска - Давкова. Денеска кандидатурата во ДИК прв ја достави Изборниот штаб на СДСМ и коалицијата. Во името на Пендаровски, материјалите и собраните 32.000 потписи...

На свадба пукал со автоматска пушка, го пренесувале на Фејсбук

СВР Велес - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје поднел кривична пријава против Б.Д.(24) од селото Долно Јаболчиште во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за...