fbpx

„Би јадел Индиец без никаков проблем“: Видео со оваа изјава на бразилскиот претседател стана вирално

-

Во видео од 2016 година, кое сега е вирално, претседателот на Бразил Жаир Месиас Болсонаро тврди дека би јадел човечко месо. Тогаш тоа беше шокантна изјава, дури и за политичар кој ги славеше мачителите и повикуваше да бидат стрелани ривалите, пишува Гардијан.

„Би јадел Индиец без никаков проблем“, кажа Болсонаро пред еден странски новинар во 2016 година, опишувајќи го патувањето во домородна заедница каде што, како што објаснува во видеото, имал шанса да консумира човечко месо.

Домородните лидери го отфрлија ова тврдење на Болсонаро како уште една лага која доаѓа од екстремно десничарскиот претседател на Бразил. Луѓето од Јаномами од територијата за која Болсонаро тврди дека ги посетил, велат дека никогаш не се правеле такви дела.

Сепак, снимката во која претседателот коментира канибализам, која е објавена пред шест години на неговиот официјален канал на Јутјуб, стана вирална на социјалните мрежи, a бразилската опозиција ja искористи како дополнителен доказ за развратот на претседателот.

„Болсонаро откри дека би јадел човечко месо“, беше речено во телевизиска реклама направена од левичарскиот ривал на Болсонаро, Луис Инасио Лула да Силва.

Граѓаните од Бразил на 30 октомври во вториот круг од изборите треба да го изберат идниот претседател на оваа земја. Актуелниот претседател Болсонаро со освоени 43,2 отсто од гласовите заврши на второто место во текот на првиот круг од изборите, зад Лула кој освои 48,4 отсто од гласовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...