fbpx

Нивес Целзиус во претседателската вила била на неформален прием за 70 лица, а нејзиното однесување е работа на домашно воспитување

-

Неформален прием на над 70 лица што учествуваа на јубилејниот 30ти турнир во мал фудбал на медиуми во претседателската резиденција на Водно, меѓу кои била и хрватската старлета Нивес Целзиус, изминатиов викенд ја зовре јавноста на социјалните мрежи.

Цела низа од дезинформации, навреди за претседателот Пендаровски и за Целзиус беа лиферувани на Фејсбук, и особено на Твитер, по што и дел од онлајн медиумите објавија за појавувањето на старлетата во објектот на Водно.

Од Кабинетот на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски за Мета.мк велат дека хрватската старлета не била во никаков официјален прием во претседателската резиденција, туку само дел од краток неформален прием на кој биле присутни над 70 лица – учесници, организатори и поддржувачи на турнирот во мал фудбал на медиуми, меѓу кои била и Нивес Целзиус.

Спортското радио 90.3 се јавува како организатор на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми и тие побарале прием кај претседателот за учесниците и организаторите на турнирот. Инаку, Спортското Радио вчера излезе и со официјално соопштение до медиумите, во кое изрази голема благодарност до Пендаровски, кој ги прими поканетите гости и му даде поддршка на турнирот.

„Претседателот одговори позитивно на барањето, со оглед дека станува збор за традиционална манифестација со хуманитарен карактер и од тие причини на 7 октомври (петок) се одржа краток неформален прием“, информираат за Мета.мк од претседателскиот кабинет.

Целиот настан во претседателската резиденција на Водно бил во вкупно траење од околу еден час, по што сите учесници си заминале.

„Сите дезинформации и навредувачки содржини поврзани со престојот на лица во Кабинетот на Претседателот, со индигнација ги отфрламе, бидејќи немаат апсолутно никаква врска со реалноста и повеќе зборуваат за карактерот и мотивите на оние што ги пласираат“, информираат од претседателскиот кабинет.

Во однос на начинот на однесување на хрватската старлета Нивес Целзиус, која самата на Инстаграм објави снимки од мобилен телефон како ги бакнува гардистите кои стојат пред влезот во резиденцијата, од Кабинетот на Претседателот на РСМ велат дека пред приемот биле направени сите неопходни проверки на лицата кои фигурираат на списокот доставен од Спортското радио. Таа била пријавена со нејзиното име и презиме според документите за идентификација, како и со нејзиното естрадно име.

„Телефонските апарати на влез во Кабинетот на претседателот им се одземаат на странките само во случај на официјални средби со претседателот во работните простории. Инаку, снимањето со гардистите во Кабинетот не е забрането, тоа редовно се прави од страна на граѓаните кои доаѓаат во Кабинетот“, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ.

„Инаку, личното однесување на секоја од странките е работа на личен интегритет и домашно воспитување“, велат за Мета.мк од претседателскиот кабинет во однос на тоа како се однесувала Нивес Целзиус.

Од кај претседателот Пендаровски објаснуваат дека не постојат никакви протоколарни пропусти, ниту пропусти при извршените безбедносни проверки за приемот на лица на што бил извршен на 7 октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...