четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: прием | 28 резултати

Нивес Целзиус во претседателската вила била на неформален прием за 70 лица, а нејзиното однесување е работа на домашно воспитување

октомври 10, 2022

Неформален прием на над 70 лица што учествуваа на јубилејниот 30ти турнир во мал фудбал на медиуми во претседателската резиденција на Водно, меѓу кои била и хрватската старлета Нивес Целзиус, изминатиов викенд ја зовре јавноста на социјалните мрежи. Цела низа од дезинформации, навреди за претседателот Пендаровски и за Целзиус беа лиферувани на Фејсбук, и особено […]

Епископот Партениј на прием кај патријархот Вартоломеј, ќе има ли признавање на МПЦ-ОА?

декември 17, 2021

Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул ги прими на посета сите монаси и монахињи под духовно раководство на епископот Антаниски Партениј, информираат од Бигорскиот манастир. На приемот кај Вартоломеј биле монасите и монахињите од четири манастири: Бигорскиот, Рајчица, Пречиста и Кнежино, со благослов на Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј. Грчкиот православен сајт Ромфеа.гр по приемот во Фанар пренесува […]

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 100 професионални војници

мај 20, 2021

Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на 100 нови професионални војници во Армијата на РСМ, информираат од ова министерство. Рокот за пријавување на заинтересираните лица е 15 дена, а критериумите за пријавување на кандидатите се: да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат завршено средно образование, да не се постари од […]

Зголемен интересот за војничката професија, Армијата денеска прими 200 нови војници

декември 28, 2020

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршен свечен прием на 200 нови професионални војници. На приемот присуствуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска која им посака добредојде на војниците во редовите на Армијата, информираат од Министерството за одбрана. „Заокружуваме исклучително успешна година во одбраната, година на нашиот прием во НАТО по тридецениски стремеж, и затоа […]

Новиот владин кабинет примен од претседателот Стево Пендаровски

јануари 3, 2020

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вечерва во својата резиденција на Водно ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници. Пендаровски честитајќи им го изборот на новите министри, изрази очекување „во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и […]

Германија го потпиша Протоколот за прием на Македонија во НАТО

јануари 31, 2019

Сојузната Влада се согласи да го потпишe Протоколот на Северно-атлантскиот договор за пристапот на Република Северна Македонија, соопштуваат од германската амбасада. „Ние сме убедени дека пристапот на Северна Македонија кон НАТО ќе претставува придонес за безбедноста и стабилноста не само во евроатлантскиот простор и нема да ја зајакне само трансатлантската заедница, туку тој ќе биде важен […]

Столтенберг: Поканата за влез во НАТО во јули, прием по референдумот

јуни 25, 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправно членство на Македонија во НАТО. Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но вели […]

Димитров до дипломатскиот кор: Очекуваме безусловна препорака за преговори напролет

декември 14, 2017

Членството во Европската Унија останува клучен приоритет на нашата надворешна политика. Искрено се надеваме дека нашата политичка волја и реформска ориентираност, заедно со поддршката на нашите пријатели и партнери, ќе ни донесе безусловна препорака за почеток на пристапните преговори, следната пролет, истакнал министерот за надворешни работи, Никола Димитров во своето обраќање на традиционалниот Новогодишен и […]

Заев: Очекувам жестока реакција на Москва околу приемот во НАТО, но подготвен сум

ноември 6, 2017

Македонскиот премиер, Зоран Заев, во интервју за црногорското радио „Антена М“ вели дека очекува жестока реакција од Русија кога ќе дојде време за прием на Македонија во НАТО, но нагласува дека Северноатлантската алијанса и Европската Унија се единствена алтернатива за земјава. Заев, кој бил гостин во емисијата „Жива вистина“ на црногорското радио, изјавил дека е уверен […]

Заев до Марковиќ: Приемот на Црна Гора во НАТО е силна мотивација за новата влада

јуни 6, 2017

Премиерот Зоран Заев испрати честитка до премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, за приемот на Црна Гора во Северноатлантската алијанса (НАТО). „Овој сигнал на отворени врати на Алијансата е силна мотивација за новата влада на Република Македонија да продолжи да работи според демократските вредности и владеењето на правото, вложувајќи во потребната модернизација на Армијата според стандардите на […]

Иванов ја прими новата влада

јуни 1, 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска, во вилата Водно, ги прими членовите на новата влада, предводена од премиерот, Зоран Заев. Иванов на сите министри им го честиташе изборот и им посака успех во работата. Претседателот на државата му го даде мандатот за составување Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 17 мај, а синоќа, […]

„Протагон“: Нестабилноста може да доведе до притисоци врз Грција за прием на Македонија во НАТО

мај 2, 2017

Дополнителна нестабилност и граѓански конфликт во Македонија не ѝ оди во прилог на Грција, пишуваат грчките медиуми, кои деновиве будно ги следат случувањата во државата и на Балканот. Грчкиот информативен портал „Протагон“ коментира дека на Атина ѝ е потребна стабилна Македонија за да може во одреден момент да се најде соодветно решение за името, но […]

Иванов: Отсуството на НАТО и на ЕУ може да го загрози Балканот

јануари 27, 2017

„Ние на Балканот го чувствуваме отсуството на Европската Унија и на НАТО, што може да ја загрози стабилноста на Балканот. Во последниов период слушаме реторика и гледаме постапки кои по многу нешта потсетуваат на периодот што мислевме дека е далеку зад нас – периодот на распадот на една заедничка поранешна држава“, рече претседателот Ѓорге Иванов […]

Обама најави ангажирање на 50 земји за прием на бегалци

септември 21, 2016

Американскиот претседател Барак Обама денеска во ОН најави дека 50 земји се обврзале следната година да прифатат 360.000 бегалци, што е двојно повеќе отколку досега. – Нашите земји заедно ќе го дуплираат бројот на бегалците кои ќе ги прифатиме и ќе го зголемиме бројот на 360.000 – рече Обама. Сепак, американскиот претседател не откри која […]

На огласот за 600 полицајци се пријавиле 3.972 кандидати, денеска почна селекцијата

август 3, 2016

На конкурсот за вработување на нови 600 полицајци се пријавиле вкупно 3.972 кандидати. Конечната листа на тие што ќе бидат примени во МВР, треба да биде позната на почетокот на октомври, кога треба да завршат сите фази за селекција на кандидати. Првата фаза од селекцијата почна денеска во касарните „Ѓорче Петров“ и „Илинден“ и во тренинг-центарот […]

Црна Гора ги почнува пристапните преговори со НАТО

февруари 15, 2016

Црна Гора денеска го почнува пристапните преговори со НАТО и подготвена е за тој процес, изјави во интервјуто за црногорската државна телевизија министерката за одбрана, Милица Пејановиќ-Џуршиќ. Преговорите најверојатно ќе траат до април, а важен дел од процесот е тоа што сите 28 членки на Алијансата мора да ја ратификуваат спогодбата за пристап, што би можело […]

Словенија дневно ќе прима по 2.500 бегалци, Хрватска бара двојно повеќе

октомври 18, 2015

Словенија ќе дозволи во земјата дневно да влегуваат само 2.500 мигранти, што е двојно помалку од бројот што го бара Хрватска, јавуваат медиумите. Словенечкиот државен секретар за внатрешни работи, Боштјан Шефиц, денеска изјави дека Словенија не може да го прифати барањето на Хрватска за прием на 5.000 мигранти бидејќи дневниот лимит на Австрија бил 1.500 […]

Ременски: Никола Груевски го минира исполнувањето на политичкиот договор

октомври 7, 2015

„Денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово во тек е прием на 600 нови кандидати за полицајци. Само пред неколку дена, незаконски, со политичка одлука, на експресен начин им беше скратена обуката на 400 кандидати за полицајци кои требаше да ја завршат во март 2016 година“, обвини Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ. Според […]

Груевски и сопругата на прием кај Барак и кај Мишел Обама

септември 30, 2015

Премиерот Никола Груевски и неговата сопруга Боркица, завчера присуствувале на приемот на американскиот претседател Барак Обама во њујоршкиот хотел „Палас“. Приемот бил организиран по повод Генералното собрание на Обединетите нации. На фотографијата, која ја направил официјалниот фотограф на Белата куќа, Лоренс Џексон, премиерот и неговата сопруга се придружувани американскиот претседател и првата дама на САД, […]

Австрија и Германија очекуваат илјадници нови бегалци

септември 6, 2015

Речиси 10.000 мигранти во изминатите 24 до 48 часа ја минале австриската граница, соопштиле властите на земјата, откако Будимпешта одлучи да ја крене блокадата и да им овозможи на бегалците да заминат за Австрија. Најголем дел од луѓето што пристигнале во Австрија својот пат веднаш го продолжиле кон Минхен, на југот на Германија, каде биле дочекани […]

Страна 1 од 2