недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: навреди | 49 резултати

Нивес Целзиус во претседателската вила била на неформален прием за 70 лица, а нејзиното однесување е работа на домашно воспитување

октомври 10, 2022

Неформален прием на над 70 лица што учествуваа на јубилејниот 30ти турнир во мал фудбал на медиуми во претседателската резиденција на Водно, меѓу кои била и хрватската старлета Нивес Целзиус, изминатиов викенд ја зовре јавноста на социјалните мрежи. Цела низа од дезинформации, навреди за претседателот Пендаровски и за Целзиус беа лиферувани на Фејсбук, и особено […]

Лидерот на бугарската „Преродба“ бркаше новинари од прес-конференција и медиуми нарече „странски агенти“

октомври 5, 2022

Три дена по парламентарните избори, на првата прес-конференција по гласањето, Костадин Костадинов, претседателот на проруската политичка партија „В’зраждане“ (Преродба), инаку нарекуван и „бугарскиот Копејкин“, почна со расправија и обиди за бркање на новинари од „непожелни“ медиуми. Тој на почетокот на прес-конференцијата во прес-клубот на Бугарската телеграфска агенција (БТА) во Софија првин ги нарече „Дневник“, „Капитал“, […]

Контраспин: Мицкоски го болат навреди само кога паѓаат на неговиот грб

септември 28, 2022

Сосема е јасно дека Мицкоски, дури и под претпоставка тој најмалку да користел навредливи и омаловажувачки зборови, бил согласен тоа да го прават највисоки претставници на неговата партија или пратеници, со што на големо го прави она што во изјавата што ја разгледуваме го осудува и вели дека не е добро зашто „е отров што […]

Демант на дезинформациите во медиумите по повод рецензијата на Вистиномер за финансирањето на извидничкиот камп Sex Scouts and Rock’n’Roll

октомври 10, 2021

„Вистиномер“ објави демант на нападите и дезинформациите, коишто беа објавени во некои медиуми. „Мета“ го пренесува демантот интегрално: Деновиве во јавноста се појавија написи и други видови реакции кои содржат дезинформации за работата на Вистиномер, како и содржини на социјалните мрежи во кои, покрај дезинформации, има и пцости, други навреди, клевети и закани против порталот […]

ЗНМ Безбедноста на новинарите, фоторепортерите и снимателите на јавните протести мора да се гарантира

август 16, 2021

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи гарантирање на безбедноста на присутните новинари,фоторепортери и сниматели, на протестите кои се одржуваат против новите анти ковид мерки. На вчерашниот јавен протест, организиран од страна на група граѓани поттикнат од новите мерки за превенција беа упатени вулгарни пораки и груби навреди кон новинарите, […]

На вториот фестивалски ден од ПРВО ПА ЖЕНСКО 9 отворена изложбата на Албена Баева

јуни 12, 2021

Изложбата „Овцата, змијата, кучката и нивната свиња“ на Албена Баева вчера вечер беше отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ) во рамките на вториот фестивалски ден на ПРВО ПА ЖЕНСКО 9. Изложбата ги критикува онлајн дискусиите, а секојдневниот банален сексизам чија цел е да ги девалвира, одбива и навредува жените, е основната инспирација за делата на […]

ЗНМ: Пратениците не смеат да ги омаловажуваат и етикетираат новинарите на Телма

декември 27, 2020

Во изминатите два дена дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како и пратеникот од Левица во своите изјави ја етикетираа ТВ Телма како „режимска телевизија“, а навреди и омаловажувања посредно или непосредно беа упатени кон новинарите и уредниците на оваа национална телевизија, се вели во соопштението на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). „Јавното етикетирање на […]

SafeJournalists: Ги осудуваме смртните закани и сексистичките навреди кон новинарката Тања Милевска

јули 17, 2020

Тања Милевска, новинарка и дописник во МИА (Медиумската информативна агенција), доби смртни закани и сексистички навреди на Твитер, а подоцна и на Фејсбук, заради нејзините јавни ставови изразени на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полиција, но досега не се покренати обвиненија. На 11 јули, Милевска на социјалните мрежи доби десетици вербални закани, говор на […]

Седиштето на ЦИВИЛ мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки

јуни 30, 2020

Седиштето на ЦИВИЛ повторно е мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки, информираат од организацијата. Оттаму појаснуваат дека панелот во дворот зад седиштето на организацијата што се користи за состаноци и изјави за јавноста е турнат, а врз него е ставена лопата. „Натписот со логото на организацијата и натписот „Слободна зона“ веднаш под него […]

Момчињата од Штип кои претепаа девојка добија казна затвор од 2,5 години

април 30, 2020

Двајцата штипјани, кои целата јавност преку видео снимка ги виде како навредуваат и претепуваат девојка, денеска во Основниот суд во Штип беа осудени на казна затвор од по 2,5 години. Тие се осудени за делото „Насилство“, откако во јануари годинава, во влезот на станбена зграда претепаа 21- годишна девојка од Штип. П.Р.(23) и С.А.(26) денеска не […]

Пред изборите расте бројот на жалби од политичарите за медиумите (инфографик)

февруари 6, 2020

Од последното, политичарите се искачиле на второ место како поднесувачи на жалби до Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), покажуваат статистичките податоци на телото за саморегулација за 2019 година. Во периодот  од 2014 до 2017 година, секоја четврта жалба против медиумско известување доставена до Советот била од политичар. Во 2018 година, политичарите биле […]

Обвинителство бара продолжување на притворот за Емил Јакимовски и поднесе обвинителен предлог

јануари 24, 2020

Основното јавно обвинителство – Скопје до Кривичниот суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Емил Јакимовски, кој им упати навреди и закани на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска. Од ОЈО сметаат дека постои реална можност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност. Јакимовски од 18 […]

Приведен Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска

јануари 17, 2020

Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица, потврдија од МВР за „Мета.мк“. Според информациите, тој бил приведен поради пријава против него за семејно насилство и полицијата соработува со […]

Јакимовски доби отказ од Централниот регистар, МВР и ОЈО допрва ќе треба да реагираат на заканите

јануари 13, 2020

Вработениот во Централниот регистар Емил Јакимовски, кој викендов упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, доби отказ од работното место. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски вчера донела решение за престанок на работниот однос поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор. „Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од […]

ЗНМ повика на брза реакција на институциите по заканите кон новинарката Јордановска

јануари 11, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на порталот „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја искреира на некролог“. ЗНМ ги повика Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно […]

По инспекцијата во гевгелиската градинка, директорката ќе го решава случајот

август 7, 2018

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека по извршената инспекција во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија, директорката на установата ќе треба да утврди дали има прекршување. Министерството вчера испрати инспекција во градинката по видеото објавено на социјалните мрежи, кое беше пренесено во медиумите, а во кое, наводно воспитувачка, вика и ги навредува децата. […]

Приврзаници на чешкиот претседател Земан ги нападнаа новинарите по изборната победа

јануари 28, 2018

Чешката полиција поведе истрага откако редарите и симпатизерите на чешкиот претседател Милош Земан ги нападнаа новинарите во неговиот изборниот штаб по победата во вториот круг од претседателските избори во земјата. Редарите и симпатизерите синоќа со тупаници ги напaднаа акредитираните новинари, турнаа и скршија камера на чешката приватна телевизија „ТВ Нова“ и ги навредуваа медиумските работници. […]

Трамп вели дека за Африканците го кажал тоа што многумина го мислат

јануари 14, 2018

Извор од Белата куќа тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата навредлива изјава за африканските и некои централноамерикански држави, оценил дека „едноставно го рекол тоа што многумина го мислат, а не смеат да го кажат на глас“. Истиот извор изјавил дека ваквиот став Трамп го искажал на средба со најблиските соработници, на […]

Антисемитски и антикомунистички графити на советски споменик во Пловдив

ноември 13, 2017

Со графити со кукасти крстови, со антисемитски пораки „Убиј го Евреинот“ и „Комунизам – Еврејство“, како и навреди за Марија Захарова, министерката за надорешни работи, во петокот осамна споменикот „Аљоша“, познат како „Советскиот споменик“ во бугарскиот град Пловдив. Иако по неколку часа графитите се избришани, настанот крена бура во социјалните медиуми. Со различни реакции се […]

Охриѓанка го заклучувала 34-годишниот син и го малтретирала

октомври 18, 2017

Охриѓанката Ф.Ѓ. (56) добила кривична пријава од СВР Охрид за загрозување на сигурноста, поради тоа што, како што велат од полицијата, подолго време го малтретирала и го заклучувала 34-годишниот син, поради што нему му се влошила здравствената состојба. Според СВР Охрид, пријавената 56-годишна жена подолг временски период во семејната куќа го вознемирувала нејзиниот син В.Ѓ. […]

Страна 1 од 3