Клучни избори во Црна Гора: Ќе се продолжи ерата на Ѓукановиќ или ќе дојде просрпски кандидат

Mило Ѓукановиќ во првиот круг освои околу 35 отсто од гласовите во првиот круг, додека Јаков Милатовиќ освои 29 отсто од оние што излегоа на гласање

-

Во недела во Црна Гора се одржува вториот круг од претседателските избори, на кој граѓаните се пред клучен избор – да ја продолжат ерата на владеењето на Мило Ѓукановиќ или да го изберат Јаков Милатовиќ како просрпски кандидат за претседател на државата. Изминативе денови се мобилизира дијаспората и припадниците на малцинствата во Црна Гора за да се постигне што подобар резултат.

Актуелниот претседател Ѓукановиќ, кој трча за втор мандат и освои најмногу гласови во првиот круг, како гостин на Институтот за мир на панел за безбедноста во Европа изјави дека она што го прави Србија во Западен Балкан е реплика на она што Русија се обидува да го изврши преку враќање на влијанието во поранешниот Советски сојуз.

„Тоа се ретроградни политики, тие не сакаат да владеат со своите земји, тие сакаат да владеат со нации. Тоа го гледаме во регионот, каде Србија се обидува да владее со Босна и Херцеговина, Косово и Македонија“, вели Ѓукановиќ, додавајќи дека Балканот е сведок на создавање на српскиот свет по модел на рускиот свет, пренесува Н1.

Мило Ѓукановиќ во првиот круг освои околу 35 отсто од гласовите во првиот круг, додека Јаков Милатовиќ освои 29 отсто од оние што излегоа на гласање. Јуроњуз пишува дека иако претседателот има речиси церемонијална функција во Црна Гора, исходот од изборните резултати на 2 април ќе претставува индикатор пред одржувањето на предвремените парламентарни избори што се закажани за 11 јуни.

За разлика од поддршката која што Ѓукановиќ ја очекува од црногорската дијаспора и албанското, хрватското и бошњачкото малцинство, Милатовиќ пак се надева на поддршката од другите просрпски кандидати. Демократскиот фронт и неговиот третопласиран кандидат уште веднаш по одржувањето на првиот круг ја дадоа својата поддршка за Милатовиќ.

Анкетни истражувања за популарноста на кандидатите изостана пред вториот круг од гласањето, но медиумските извештаи укажуваат дека натпреварот ќе биде тесен во земјата, која што има население од околу 620.000 жители.

АНАЛИЗА: Кредити на државата во 2025

Само за една година внатрешниот долг на државата се зголемил за 600 милиони евра. Од надвор – Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра ќе биде клучен за инфраструктурните проекти. И годинава...

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

Во најкус можен рок е нормализирана испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска...

Измама е дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се тврди дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци. Преку измислено интервју со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши се наведуваат граѓаните да инвестираат во...

Бајден издаде превентивни помилувања за заштита на лица кои што се таргетирани од Трамп за одмазда

Претседателот Џо Бајден, кој што веќе ги одбројува своите последни моменти во Белата Куќа, издаде превентивни помилувања за лица кои републиканскиот наследник Доналд Трамп ги таргетирал за одмазда, вклучувајќи го поранешниот...

АНАЛИЗА: Кредити на државата во 2025

Само за една година внатрешниот долг на државата се зголемил за 600 милиони евра. Од надвор – Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра ќе биде клучен за инфраструктурните проекти....