fbpx
Таг: преговори

таг: преговори

ИФИМЕС: ЕУ и САД мора да ја сопрат Бугарија да се нафрла на Северна Македонија

Во време кога Бугарија ја мачат многу внатрешни проблеми, властите решија да ги „извезат“ своите бројни политички проблеми во соседна Северна Македонија, правдајќи се со историските и идентитетските прашања. ЕУ и САД тоа не смее да го дозволат, но не смее и да дозволат Бугарија да ги оспорува идентитетот и јазикот на Македонците, порачува Меѓународниот институт за Блискоисточни и...

Сè уште нема договор меѓу Заев и Ахмети за нова владина коалиција, преговорите продолжуваат

Попладневната средба на претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за формирање владина коалиција заврши без резултати. Обајцата лидери не изразија ниту оптимизам ниту песимизам за понатамошни преговори, но посочија дека преговорите не се завршени со денешната средба. -Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор со страните со кои разговараме. Преговорите ќе продолжат...

СДСМ: После Илинден следуваат постапки во законските рокови за формирање на нова Влада

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) информира дека претседателот на партијата Зоран Заев ќе користи неколку дена одмор и по националниот празник Илинден, на почетокот од август ќе почне да се разговара околу формирањето на новата влада. „Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може...

Мицкоски на Кичеец: Јас се борам СЈО и „Империја“ да не поминат (АУДИО)

Две нови аудио снимки денеска беа објавени на Јутјуб-профилот со корисничко име „Рекет“, во кои се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поранешната директорка на Агенцијата за вработување во Скопје Слободанка Алексовска и Зоран Милески-Кичеец, кој е еден од осудените лица во случајот „Рекет“. Првата аудио снимка трае 27 секунди, а во неа се чини дека Мицкоски и...

Вучиќ и Тачи добија покана од Вашингтон за средба во Белата куќа на 27 јуни

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, добија покана од Белата куќа за состанок на 27 јуни, со надеж дека Вашингтон ќе успее да ги унапреди преговорите за нормализација на односите меѓу двете земји. Специјалниот претставник на Доналд Трамп, Ричард Гренел, го закажа состанокот, откако Србија потврдила дека привремено ќе ја запре кампањата што ја...

Подготвена или не, Македонија ја чека одлуката за почеток на разговорите со ЕУ

Иако Македонија изрази подготвеност за преговори со Еврпската Унија, во контекст дека постојните преговарачки структури можат да бидат ставени во функција, таа сè уште нема направено јасни и видливи чекори за почеток на разговорите. Лидерите на Европската унија гледаат на ова како на рамка на нови стандарди од Европскиот Совет, кои ЕУ ќе ги користи при дефинирање на рамката за...

ЕУ ќе преговара со Македонија со поголем морков и со подолг стап

Советот на ЕУ денеска треба да ја потврди завчерашната одлука на Советот на ЕУ за општи работи (ГАК) Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија. Со тоа, Европската комисија добива задача да подготви преговарачка рамка за земјава, а третиот момент во почетокот на преговорите, според вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, е одредување ден кога ќе се...

По 15 години чекање, Македонија безусловно ги започнува преговорите со ЕУ

Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија, рече денеска на прес-конференција премиерот, Оливер Спасовски. Тој додаде дека Советот за општи работи на Европската унија се согласил дека нашата држава треба во најбрз можен рок да ги започне преговорите за членство во ЕУ. „Стигна верификацијата за успех на нашите напори за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции,...

Жбогар се надева дека конечно ќе има одлука за старт на преговорите со ЕУ

Северна Македонија ја заврши својата задача и сега на ред се земјите членки, но мислам дека ѕвездите се местат и се надеваме конечно да видиме одлука за старт на преговорите за членство, изјави амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар во интервју за ТВ „24“ „Вашата земја ја заврши својата задача, спроведувајќи ги сите реформи, вклучително и усвојувањето на Законот...

Франција задоволна од новите правила за проширување – бара да не се изменат

Франција е задоволна од новата процедура за приклучување кон ЕУ предложена од Брисел, но би сакала таа да биде усвоенa без измени, за да даде согласност за преговори со Албанија и Северна Македонија за зачленување, порача францускиот државен секретар за европски прашања, Амели ди Моншален. - Треба да има усогласеност на 27-те земји за овој нов предлог, без тоа да...

Контраспин: Одлуката на ЕУ за датум за преговори секако ќе влијаe врз изборите

Вицепремиерот Бујар Османи, кој во владата на СДСМ и ДУИ е надлежен за евро-интеграции, дал интервју за Агенција Европа во кое тврди дека ако ЕУ не ѝ додели датум за преговори на Македонија во март годинава, тоа ќе значело „најголема интервенција во изборите“ со „огромни последици“. Ова тврдење е чисто извртување на вистината, т.е. спин од неколку причини, пишува...

Меркел и Пленковиќ со позитивни сигнали за преговорите, но фали Законот за ЈО

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека се надева дека ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија со Европска унија на Самитот на 5 и 6 мај во Загреб. – Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Загреб е многу важна работа поради проблемите...

Вархеи уверува дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ останува приоритет

Имам добри вести за интергацијата на Западен Балкан во ЕУ, таа ќе продолжи и ќе работиме уште посилно и напорно да го оствариме тоа. Мора да ги забрзаме процесите и да вметнеме динамика во нив, изјави еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеи на заедничката прес-конференција со техничкиот премиер Оливер Спасовски. Вархеи додаде дека проширувањето е приоритет...

Филипов: „Македонија“ во името на државата е наша предност во разговорите за трговските марки

Во поглед на трговските марки, со името „Македонија“ и другите изведенки од него, ние имаме предност со тоа што сме единствената држава во светот што го има зборот „Македонија“ во своето име, но сепак во поглед на марките и трговските имиња, оние што треба да ги постигнат договорите се стопанските комори, бизнисмените. Во Македонија има околу 3.200 фирми што...

Контраспин: Македонија и Албанија извисија за датум за преговори, а не за членство во ЕУ

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, во интервју за „Фајненшл тајмс“ сакајќи да ја пофали одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон за одложување на проширувањето  на Унијата со земјите од Западен Балкан, ја даде и следната изјава со која фактички ја спинува вистината за француското вето и македонската европска амбиција, пишува Оливера Војновска во рубриката „Контраспин“ во „Вистиномер.мк“. Спин: И се...

Тимоние: Некои дадоа ветувања за датумот, а потоа грижата им ја префрлија на другите

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната прес-конференција истакна дека геополитиката ги надминала реалните очекувања и во јавноста се „создал впечаток дека Преспанскиот договор е единствениот услов за почеток на преговори“. Тој додаде дека ги пренел во Париз на француските власти силните емоции и разочараноста која се чувствува во земјава по Самитот на ЕУ во Брисел. „Одредени земји дадоа ветувања, а потоа...

Азески: Мора да продолжиме да работиме како да сме добиле датум, немаме друга алтернатива

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески апелираше дека мора да се продолжи да се работи, исто како да сме добиле датум за почеток на преговорите минатата недела. – Македонија нема друга алтернатива, и мора да продолжи да оди по европскиот пат. Заради тоа, повикувам сите политички чинители во државата да ги преземат сите дејствија за доекипирање на тимовите кои би...

Макрон бара трпение за датумот, направените реформи не биле доволни

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон рече дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно. –...

Европската Унија калкулира, Македонија во исчекување

Вчерашната одлука на министрите за надворешни работи во Луксембург судбината на евро-интеграциите з двете балкански земји да им ја остават на шефовите на земјите - членки на ЕУ беше очекувана, но не и задоволителна за Северна Македонија. Останува уште време до конечната одлука на Самитот на Европската унија на 17 и 18 октомври, што според познавачите на европските политики...

Македонија и регионот заслужуваат датум за преговори со ЕУ

Македонија направи големи чекори кон Брисел, така што заслужува да добие датум од Европската унија. Во спротивно, би било многу демотивирачки за државите што се обидуваат да ги направат истите реформи за да добијат зелено светло за ЕУ. Ова е мислењето на експертите за европска интеграција, пишува „Порталб.мк“. Помеѓу 17 и 18 октомври ќе се знае дали Северна Македонија ќе...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...