fbpx
Таг: преговори

таг: преговори

Македонија и регионот заслужуваат датум за преговори со ЕУ

Македонија направи големи чекори кон Брисел, така што заслужува да добие датум од Европската унија. Во спротивно, би било многу демотивирачки за државите што се обидуваат да ги направат истите реформи за да добијат зелено светло за ЕУ. Ова е мислењето на експертите за европска интеграција, пишува „Порталб.мк“. Помеѓу 17 и 18 октомври ќе се знае дали Северна Македонија ќе...

Mеѓу 17 и 18 октомври ќе се знае дали Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ

Mеѓу 17 и 18 октомври ќе се знае дали Северна Македонија ќе добие или не датум за започнување на преговори со Европската Унија. По препораката на Европската Комисија  за започнување на преговорите во јуни, останува сите земји членки на ЕУ да се договорат едногласно за отворање на преговорите, пишува „Порталб.мк“.  Дали и другите држави, особено Франција, ќе го следат...

Бундестагот со мнозинство гласови одобри почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

Пратениците во германскиот Бундестаг со големо мнозинство и одобрија на владата да се заложи за отворање пристапни преговори за нашата држава. „За“ гласаа 476 пратеници, помеѓу кои и пратеници на опозицијата, против 122, а 16 беа воздражани. Владејачката коалиција на Германија бара државата да продоложи со реформите, а се препорачува преземање на дополнителни напори за да ги исполни критериумите за...

Османи-Петри: Бундестагот утре ќе донесе одлука за почеток на преговорите со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, престојува во работна посета на Берлин, каде се сретна со пратеникот во германскиот Бундестаг, Кристиан Петри од втората по големина политичка групација- партијата СПД (Социјал-демократската партија на Германија). На средбата, Османи и Петри разговарале за поддршката за одлуката за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија, за која на утрешната седница на Бундестагот...

Димитров: Ако нема датум во октомври, националистите и популистите ќе зајакнат

Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме, а скептиците, националистичките сили и популистите ќе се зајакнат. Тоа ќе им помогне на оние кои се сомневаат во европскиот проект, таа стратешка ориентација, додека позитивна одлука ќе ни помогне да кажеме дека работите се во наши раце, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за...

Пендаровски: „Рекет“ не е критериум за добивање датум за преговори

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет кој годинава е посветен на европската перспектива на Македонија. По октомври кога очекуваме датум за почнување на преговорите со Европската унија, рече претседателот Пендаровски, почнува и долг процес на работа. „Дистрибуцијата на местата во Европскиот парламент е одлична за нас. Од 751 член, 506 се во групата проевропски сили. Таа поволна констелација...

Заев повторно ја повика опозицијата да ги поддржи реформите на обвинителството

Премиерот Зоран Заев преку видеообраќање денеска ја повика опозицијата да биде конструктивна и да ги поддржи новите законски измени на законот за јавното обвинителство, со кој СЈО треба да стане одделение на главното обвинителство. „Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба...

Палмер опоменува: Нерасчистувањето на „Рекет“ ќе ги поткопа изгледите за преговори со ЕУ

Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер смета дека ако не се заврши истрагата за случајот „Рекет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да бидат поткопани изгледите на Северна Македонија за почеток на долгоочекуваните пристапни преговори со Европската Унија. Тој порачува и дека двете најголеми партии - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат со политикантство и...

Дескоска: Нема напредок во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство

Денеска во Министерството за правда се одржа нова средба за Предлог-законот за Јавното обвинителство помеѓу министерката за правда Рената Дескоска, советникот на премиерот Бојан Маричиќ, пратеничката на НСДП, Соња Мираковска и претставниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Панче Тошковски. Министерката за правда, Рената Дескоска изјави дека имаат крупни разлики со ВМРО-ДПМНЕ и затоа не можеле да постигнеме одреден напредок...

Мицкоски до Хан: Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава, загрозувајќи ја и европската иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија,  Јоханес Хан. „Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина“, изјавил Мицкоски на средбата. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека Мицкоски истакнал дека „немањето на волја за справување со корупцијата и сомнежите за...

Хан порача да се продолжи со реформите и да се донесе Законот за јавно обвинителство

Република Северна Македонија заслужува во октомври да добие зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради сето она што го направи изминатите години во спроведување на реформите, со Договорот од Преспа, но и Договорот за добрососедство со Бугарија, рече еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на прес-коференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев. Тој додаде...

Ципрас: Северна Македонија ги исполнува критериумите за почеток на преговори

Одложувањето на пристапните преговори за Северна Македонија беше, не под изговор дека Северна Македонија не ги спроведе реформите, туку главно од процедурални причини, вели премиерот на Грција Алексис Ципрас во интервју за третиот канал на грчката државна телевизија, ЕРТ3, во врска со заклучоците на ЕУ за нашата земја и објаснува дека оваа одлука се должи на неможноста германскиот Парламент...

Димитров: Ако годинава не ги започнеме преговорите, нема европска перспектива

Ја добивме 10-та препорака за почеток на преговори, ако треба да ја очекуваме и 11-та препорака од Европската комисија следната година, нема да имам лице да зборувам пред мојот народ за европските перспективи на земјата. Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за...

Пратеникот Милошоски шири лажни вести и не се чувствува одговорен

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, вчера (19.06.2019) на Твитер објави, наводно, „шокантна вест“ дека на завчерашниот состанок на Советот на министри, на кој се разговараше за одредувањето датум за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија, седум членки биле против тоа, пишува „КриТинк“. На денешниот ЕУ Совет 7 членки биле против датум за преговори со МК и АЛ: ФР, Холандија, Германија,...

Заев: Консензуална одлука во ЕУ има, не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите

На Советот на министри на ЕУ на писмено добивме правно-формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни што значи дека има консензуална одлука, одговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата. „Заклучокот е сериозна порака и апсолутна...

Анализа: Датумот за преговори со ЕУ нема да го измести курсот на Северна Македонија

Прашањето за датумот за отпочнување преговори на Северна Македонија со ЕУ секако дека е многу важно прашање. Јавноста веќе е запозната со бенефитите од сите аспекти, но прашањето што се наметнува е дали датумот за отпочнување преговори е судбинско за Северна Македонија и нејзините граѓани до степен да биде загрозена нејзината безбедност или генерални нејзиниот уставно-правен поредок? Песимистичкото сценарио,  што...

Холандскиот парламент ја отфрли резолуцијата за блокирање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ

Холандскиот парламент синоќа со мнозинство гласови ги отфрли двете резолуции - од Социјалистичка партија и од Партијата на слободата - да не се поддржи почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Парламентот истовремено усвои резолуција против отворањето на преговори на Европската Унија со Албанија. Со резолуцијата се бара да не се отворат преговори со Тирана поради...

Заев денеска на средба со канцеларката Меркел

Во рамките на дводневната посета на Германија, премиерот Зоран Заев денеска ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел. Заев на средбата ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. На средбата, една од клучните теми ќе биде датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на...

Туск до Пендаровски: Не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови

Вие направивте сѐ што се очекуваше од вас, но сакам да бидам искрен, не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови. Ова му го соопшти претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на претседателот Стево Пендаровски по средбата во Брисел „Лично верувам дека може да има само една одлука да се отворат преговори согласно препораките на...

Жбогар: Прерано е да се предадеме, да бидеме депримирани или разочарани

Евроамбасадорот Самуел Жбогар прашан да ги коментира најавите на премиерот Зоран Заев дека ако Македонија не добие датум за преговори можно е да го врати мандатот и да се оди на избори, рече дека не е сè  завршено. „Немам некои нови информации, но можам да кажам дека не е завршено додека сè не заврши. Но, став на Европската комисија е...

(ИНТЕРВЈУ) Зоран Милошевски: Целта на научната фантастика е да даде едно поинакво гледиште на работите

Зоран Милошевски е македонски автор на научно-фантастични романи, вклучително серијалот „Последна граница“, кои го сочинуваат четири веќе издадени дела, а Милошевски моментално работи на петтиот и последен дел. Тој е...