fbpx

Заев денеска на средба со канцеларката Меркел

-

Во рамките на дводневната посета на Германија, премиерот Зоран Заев денеска ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел. Заев на средбата ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

На средбата, една од клучните теми ќе биде датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на претстојниот Самит на лидерите на земјите-членки на ЕУ на 20 и 21 јуни во Брисел.

Заев синоќа присуствуваше на годишен прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство. Во таа прилика премиерот потенцираше дека сега со право ја очекува позитивната одлука од Европскиот совет за почеток на преговорите со ЕУ по поглавја, и дека секое друго решение негативно ќе се одрази на политичката ситуација во земјата и во регионот, и ќе го охрабри влијанието и интересот на трети страни во регионот.

Двесте компании со германски капитал во државата, вработуваат 20 илјади граѓани

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот

Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР...