fbpx

Македонија и регионот заслужуваат датум за преговори со ЕУ

-

Македонија направи големи чекори кон Брисел, така што заслужува да добие датум од Европската унија. Во спротивно, би било многу демотивирачки за државите што се обидуваат да ги направат истите реформи за да добијат зелено светло за ЕУ. Ова е мислењето на експертите за европска интеграција, пишува „Порталб.мк“.

Помеѓу 17 и 18 октомври ќе се знае дали Северна Македонија ќе добие или не датум за започнување преговори со Европската унија. По препораката на Европската комисија за започнување на преговори во јуни, останува сите земји-членки на ЕУ да се согласат едногласно за почеток на преговорите.

Во пресрет на датумот, лидерите на Европската унија преку писмо ги повикаа земјите-членки да дадат придонес кон започнувањето на пристапните преговори за Македонија и Албанија со ЕУ.

Љупчо Петковски од „Евротинк“ вели дека е оптимист во врска со добивањето на датумот и дека е неопходно Македонија да ги исполни потребните услови за членство во ЕУ.

„Мислам дека датум ќе добиеме, но во европската политика многу работи се неизвесни, затоа велам ДА, но имам резерви, решение мора да се најде што е можно поскоро или штом ќе има услови за членство“, вели Петковски.

Од друга страна, Ардита Абази од Институтот за европски политики (ИЕП) вели дека земјата веќе две години работи напорно за надминување на пречките за членство во ЕУ и дека шансите за добивање на датум, сега во октомври се големи.

„Многу е веројатно дека Македонија конечно ќе добие зелено светло за отворање на преговорите за членство. Едно е сигурно, Македонија работеше напорно во текот на изминатите две години за надминување на бариерите за членство во ЕУ. Најзначајни се жртви на надворешен план, особено Договорот од Преспа. На внатрешен план, имаме и некои успеси како што се одговорноста за нападите во парламентот, судските пресуди против Груевски, Јанкулоска и некои други политички фигури, како и најголемата заплена на имот, 17 милиони евра од страна на властите. За оваа фаза од процесот на интеграција, Македонија направи доволно“, вели Абази.

Договорот од Преспа се смета за една од најголемите реформи со кои се гарантира добивање на датум. Петковски вели дека ако земјата не добие датум, ќе биде штетно за другите во регионот кои претендираат да го остварат истото како и Македонија.

„Мислам дека заслужува. Македонија направи големи чекори, како што е
Договорот од Преспа. Секако дека заслужуваме повеќе и би било штетно како за регионот така и за нас, за сè што е направено до денес. Каква порака би се испратила на другите држави кои се пред исти големи компромиси, како на пример, Србија“, вели Петковски.

Оптимизмот за добивање датум се зголеми уште повеќе по одлуката на Бундестагот на 26 септември за започнување преговори за за членство во ЕУ.

„Одлуката на Бундестагот и позитивната порака од францускиот амбасадор Тимоние одат во прилог на позитивна одлука. Иако постои убедување дека ако Франција и Германија не се спротивстават, и Холандија ќе го следи нивниот пример. Но, резервите на Холандија не треба да ги потценуваме“, вели Абази.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...