fbpx

Хан порача да се продолжи со реформите и да се донесе Законот за јавно обвинителство

-

Република Северна Македонија заслужува во октомври да добие зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради сето она што го направи изминатите години во спроведување на реформите, со Договорот од Преспа, но и Договорот за добрососедство со Бугарија, рече еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на прес-коференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека потребно е и натамошно спроведување на реформите особено во делот на овозможување на владеење на правото преку усвојување на Законот за јавно обвинителство и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Притоа, сите политички чинители треба да ја имаат предвид иднината и интересите на граѓаните и државата.

-Тоа е национална цел и сите во државата треба да сфатат дека треба да работат на ова. Секако, постојат дискусии и преговори, но сметам дека сите треба да бидат свесни за конечната цел и за судбината на државата. Се надевам дека сите ќе ги поддржат неопходните мерки кои допрва треба да бидат преземени со цел да се постигне она што многумина од нас сакаат да го видат, а тоа е зелено светло за почеток на пристапните преговори – рече Хан.

Тој жали што земјите- членки се уште немаат одлучено за отворање на пристапните преговори и што тоа не го направија во јуни затоа што, како што потенцира, земјата постигна успех, испорача се што беше побарано.

– Северна Македонија работеше вредно и време е ЕУ да ги исполни своите обврски. Некогаш мора и ЕУ да испорача, а не само вашата земја. Но, затоа неопходно е да се продолжи со натамошно спроведување на реформите. Владеењето на правото е потребно за тие да имаат доверба во институциите, но и земјата да биде стабилна и политички и економски – рече Хан.

Премиерот Зоран Заев уште еднаш ја истакна неговата увереност дека во октомври конечно по 15 години ќе го добие долгоочекуваниот датум за преговори.

– Во меѓувреме ќе продолжиме да работиме на реформите за да не и се даде алиби на ЕУ за поинаква одлука -, рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...