fbpx

Туск до Пендаровски: Не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови

-

Вие направивте сѐ што се очекуваше од вас, но сакам да бидам искрен, не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови.

Ова му го соопшти претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на претседателот Стево Пендаровски по средбата во Брисел

„Лично верувам дека може да има само една одлука да се отворат преговори согласно препораките на Европската комисија, и за Северна Македонија и за Албанија. Прашањето денеска не е дали, туку кога. Малку сум внимателен, бидејќи знам дека понекогаш постигнувањето консензус помеѓу 28 земји знае да трае подолго отколку што би сакал“, кажа Туск.

Тој додаде дека не сака да прејудицира со одлуките на ЕУ.

„Изминативе две години, вашата земја ги испорача сите вистински политички сигнали што ЕУ ги очекува од кандидатите. И навистина, отворањето на пристапните преговори беше во центарот на нашите разговори денеска. Да останам во рамките на мојата улога на претседател на Европскиот совет, не сакам да прејудицирам со одлуките на ЕУ“, рече Туск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...