fbpx
Таг: преговори

таг: преговори

Србија доби 11 услови за преговори со ЕУ

Единаесет услови за отворање на преговорачките поглавја и за продолжување на преговорите со Европска Унија, Берлин ѝ испратил на Србија, но, според српските медиуми, тие за Белград се речиси невозможни за исполнување поради тоа што го засегаат статусот на Косово и  ја поддржуваат неговата независност. Меѓу нив се прифаќањето на статусот на Сојузот на српски општини во согласност со косовските закони,...

Порошенко најави нови преговори во Минск

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави нови преговори со проруските сили за вторник, додавајќи дека неговиот пратеник ќе присуствува на оваа клучна рунда од мировните преговори во главниот град на Белорусија, Минск. Порошенко прецизираше дека е постигнат „прелиминарен договор“ за состанокот, кој треба да се одржи во вторник и на кој ќе учествуваат и претставниците на Москва и на ОБСЕ. Украина...

Сириската опозиција сака преговори со Асад

Истакнат припадник на сириската опозиција повика на директни преговори со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во обид да се стави крај на повеќегодишната војна. Поранешниот прв човек на опозициската Национална коалиција, Ахмад ал Катиб, изјави дека би можел да го види Асад како останува на власт во Сирија, но само уште ограничен период. Ваквата изјава се коси со...

Преговорите со Иран продолжуваат во декември

Иран и шесте светски сили денеска во Виена договорија да го продолжат преговарачкиот процес за уште неколку месеци, соопштија дипломатски извори за руската агенција ИТАР-ТАСС. - Да, одлуката е донесена. Преговорите ќе бидат продолжени, а временската рамка ќе биде одредена на министерскиот состанок -соопшти изворот. САД и Иран во последен момент постигнале напредок во преговорите, но тие треба да продолжат и...

СДСМ демантира: Заев не рекол дека преговара

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „Канал 77“ потврдил дека преговори меѓу власта и опозицијата има. Според Заев, преговорите се водат со посредство на ЕУ, а во нив е вклучен и Белгиецот Петер Ванхуд, кој беше вклучен и во анкетната комисија за 24 декември. Како што објави „Канал 77“, следните часови се клучни во преговорите, кои, според најавите на лидерот...

Џавад Зариф: Не очекувајте премногу, први се нашите интереси

Министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џaвад Зариф, денеска изјави дека не треба да се има премногу очекувања од продолжувањето на преговорите на официјален Техеран со петте земји-членки на ОН со право на вето и со Германија за иранската нуклеарна програма. Џaвад Зариф истакна дека мора да се најде решение кое е во „интерес на нацијата“. Иран и петте земји-членки...

Прекинати мировните преговори во Колумбија

Мировните преговори со Револуционерните вооружени сили на Колумбија во Хавана се суспендирани од колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос. Преговорите почнаа по грабнувањето на воениот генерал, со што се доведени во прашање напорите за крај на 50-годишната војна. Генералот Рубен Дариј Алсате, кој е командант на новофоримираните специјални сили „Титан“, вчера беше грабнат од припадници на силите, заедно со уште еден...

Пензиониран војник се заканувал со пиштол пред владата на Србија

Пензиониран потполковник на војската на Србија мавтал со пиштол помеѓу главниот и помошниот влез на зградата на Владата и се заканувал дека ќе се убие. По преговорите со полицијата, тој го предал пиштолот, а надлежните го собрале оружјето и мажот го внеле во владината зграда. За време на инцидентот, делови од улиците околу владата на Србија биле блокирани, а...

Нема напредок во преговорите за името

Амбасадорот Метју Нимиц изјави дека не е постигнат напредок кон решение на спорот за името во разговорите што се водеа со преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. На средбата, која се одржа во зградата на Обединетите нации во Њујорк, посредникот Нимиц не дал нов предлог за решавање на спорот, туку се разговарало за некои од идеите кои биле дадени во минатото. - Разговаравме за...

Никола Попоски во дводневна работна посета на Брисел

Земјите-членки на Европска Унија да преземат одговорност за почетокот на преговорите за членство на Македонија во Унијата, бидејќи земјата веќе шест години добива препорака, а преговорите никако да почнат, им порача министерот за надворешни работи Никола Попоски на своите соговорници, пратеници во Европскиот парламент, со кои денеска се сретна во Брисел. Министерот е во дводневна работна посета на Брисел. Утре...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...