fbpx

Османи-Петри: Бундестагот утре ќе донесе одлука за почеток на преговорите со ЕУ

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, престојува во работна посета на Берлин, каде се сретна со пратеникот во германскиот Бундестаг, Кристиан Петри од втората по големина политичка групација- партијата СПД (Социјал-демократската партија на Германија).

На средбата, Османи и Петри разговарале за поддршката за одлуката за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија, за која на утрешната седница на Бундестагот ќе се донесе конечна одлука.

„Нова, охрабрувачка порака денес ми пренесе Петри, дека и пратеничката група на неговата партија, СПД, која е и втора по број на пратенички места, вчера со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување на одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ. Утре е седницата на Бундестагот каде се наоѓа нашата точка, и сѐ поочигледно е дека Германија ќе гласа „за“ на европскиот самит во октомври,“ истакна Османи, изразувајќи благодарност за поддршката.

Вицепремиерот Османи престојува во работна посета на Берлин, каде ќе присуствува на седницата на Бундестагот и во живо ќе ја следи расправата и гласањето за одлуката за старт на преговорите на Македонија на Самитот на ЕУ во октомври.

Домаќин на Османи за време на посетата на Берлин ќе биде претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...