fbpx

Започна асфалтирањето на последниот километар од патот Тетово – Попова Шапка

-

По серијата написи на „Порталб.мк“, започна асфалтирањето и на последниот километар од патот Тетово – Попова Шапка, но иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ има и други барања за, како што велат, патот да се заврши според сите стандарди.

„Едно од многуте ветувања се реализира, но на овој пат му недостасува вертикалната сигнализација, страничните браници на патиштата и многу други елементи за да се комплетира според сите стандарди. Патот повторно ќе остане изграден само половично“, стои во реакцијата на „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Оттаму велат дека одговорност за продолжување на подобрувањето на патната инфраструктура во овој дел од Тетово сега е на Општина Тетово, а ова е како резултат на не усвојувањето на средствата за реконструкција на патот на населбата Вилите од страна на Светска банка.

„Надлежните треба да се ангажираат максимално, особено Општина Тетово за решавање на проблемот со патната инфраструктура во населбата на Вилите. Речиси четири километри патишта во моментот се како од камено доба“, додаваат од „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Ова се случува откако, пред неколку дена, „Порталб.мк“ информираше дека, иако на 5 септември годинава министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека за две недели ќе се асфалтира и последниот километар од патот Тетово-Попова Шапка, овој рок е пречекорен.

Рехабилитацијата на патот Тетово – Попова Шапка започна во мај годинава и треба да заврши во септември. Патот досега е асфалтиран до еден километар од влезот во ски-центарот. Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ бараше да продолжат работите и да се изгради уште еден километар додека машините се уште на терен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...