среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: Бундестаг | 44 резултати

Германска пратеничка прикажана како министерка, згора и набедена за непостоечка изјава

јуни 19, 2023

Во постот неточно се тврди дека девојката на фотографијата е министерка во владата на Германија и наводно изјавила дека кравите се штетни за животната средина и за здравјето. Официјалната веб-страница на федералната влада на Германија покажува дека во актуелната влада на канцеларот Олаф Шолц нема ниту една министерка која наликува на жената на фотографијата. Пребарувањето на […]

Бундестагот ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија, германската десница гласаше против

јуни 16, 2023

Со мнозинството гласови на социјалдемократите, Зелените и либералите, германскиот парламент синоќа ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија на патот кон членство во ЕУ, во која е наведено и дека Бундестагот ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет. Германските десничарски партии, вклучувајќи ја и ЦДУ/ЦСУ на поранешната премиерка Ангела Меркел гласаа против резолуцијата и изнесоа […]

Бундестагот денеска ќе гласа резолуција за признавање на македонската култура, јазик и идентитет

јуни 15, 2023

Резолуција за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ вечерва ќе се најде на дневен ред пред пратениците во германскиот парламент – Бундестагот. Оваа резолуција е предложена од пратеничките групи на социјалдемократите, зелените и либералите, а самиот документ е текст од три страници и со 13 препораки до германската влада за тоа што треба да направи […]

Шолц: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е наш стратешки интерес

мај 19, 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на пленарната седница на Бундестагот, на која присуствува и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија. Шолц пред пратениците […]

Социјалдемократите со тесна победа на изборите во Германија, неколку коалиции се можни

септември 27, 2021

Социјалдемократската партија на Германија (СДП) победи на вчерашните парламентарни избори во Германија со освоени 25,7 отсто од гласовите, наспроти демохристијанската коалиција ЦДУ/ЦСУ за која гласаа 24,1 отсто од Германците кои излегоа на изборите, јавува Дојче Веле. Првичните изборни резултати покажуваат дека социјалдемократите ќе имаат 206 пратеници во Бундестагот, додека демохристијаните освоија 196 пратеници. „Deutschlands neues […]

Димитров: Принципиелната позиција на Германија и нашите реформи создаваат доверба за успех

март 29, 2021

Принципелната позиција на Германија за остварување на ветувањето кон Северна Македонија и регионот да се приклучат кон Унијата, како резултат на нивната демократска трансформација, е еден од главните двигатели кои ни влеваат доверба во успехот на интегративниот процес. Поминавме долг и трнлив пат поплочен со бројни предизвици кои на моменти изгледаат и ненадминливи, но мора […]

Германскиот пратеник Тобијас Цех поднесе оставка затоа што лобирал за промоција на Груевски

март 19, 2021

Пратеникот на германската владејачка партија ЦСУ, Тобијас Цех поднесе оставка од функцијата откако германскиот магазин „Шпигел“ објави дека зел петцифрена сума во 2016 година за консултантски услуги од партијата ВМРО-ДПМНЕ во време на владеењето на сега пребеганиот, Никола Груевски. „Според истражувањето на Шпигел, пратеникот на ЦСУ во Бундестагот Тобијас Цех работел ПР за партијата на […]

Меркел разговарала со Борисов, очекува во блиска иднина да се реши прашањето за пристапните преговори со ЕУ на земјава

декември 17, 2020

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Бундестагот одговори на прашањето на Претседателот на Комисијата за европски прашања, Гинтер Крихбаум во врска со неуспехот на Германското претседателство со ЕУ да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија до крајот на годинава, како што беше ветено. Крихбаум изјави дека уште еднаш земја-членка на ЕУ ја злоупотребила својата […]

Германија го активира механизмот на ЕУ за кибер-санкции – предлага мерки против руските хакери

јули 13, 2020

Официјален Берлин побара примена на новиот механизам на ЕУ за санкции поради кибер напади, во врска со хакерскиот напад на ИТ системот на Бундестагот (германскиот парламент) во 2015 година. Ова ќе биде прв случај на активирање на механизмот на ЕУ усвоен во 2017 година, јави Германската новинска агенција, а нападот на Бундестагот пред пет години […]

Германија донесе закон за напуштање на јагленот како гориво и затворање на нуклеарките

јули 8, 2020

Германскиот парламент донесе закон за напуштање на јагленот како гориво во енергетиката, според кој најдоцна до 2028 година ќе се затворат сите постројки за производство на енергија од јаглен и од други фосилни горива, а нуклеарните електрани би требало да бидат затворени до 2022 година. За поддршка во преодниот период, до остварувањата на ниско или […]

Бундестагот со мнозинство гласови одобри почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

септември 27, 2019

Пратениците во германскиот Бундестаг со големо мнозинство и одобрија на владата да се заложи за отворање пристапни преговори за нашата држава. „За“ гласаа 476 пратеници, помеѓу кои и пратеници на опозицијата, против 122, а 16 беа воздражани. Владејачката коалиција на Германија бара државата да продоложи со реформите, а се препорачува преземање на дополнителни напори за […]

Османи-Петри: Бундестагот утре ќе донесе одлука за почеток на преговорите со ЕУ

септември 25, 2019

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, престојува во работна посета на Берлин, каде се сретна со пратеникот во германскиот Бундестаг, Кристиан Петри од втората по големина политичка групација- партијата СПД (Социјал-демократската партија на Германија). На средбата, Османи и Петри разговарале за поддршката за одлуката за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија, за која […]

По средбата Меркел – Заев: Во септември одлука на Бундестагот за одобрување на старт на преговорите

јуни 13, 2019

Канцеларката Ангела Меркел информирала дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата, соопштуваат од Влада за средбата на делегацијата на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот за европски прашања Бујар […]

Германија даде зелено светло за влез на државата во НАТО

јуни 7, 2019

Германскиот Бундестаг го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО. Германија стана 16. држава од 29 земји-членки кои го официјализираа пристапувањето во најголемиот воено-политички сојуз во светот. Владата на Германија изразува убеденост дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор. На ратификацијата на членството […]

Еден уапсен признал вина за кражбата на податоци на германски политичари

јануари 8, 2019

Уапсениот 20-годишник, кој се сомничи за кражбата на податоци и разговори на стотици политичари во Германија, која беше откриена, ја признал вината, пишува германски „Шпигл“ на својата веб-страница. Истражител од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која се занимава со овој, еден од најголемите досега, хакерски напади во историјата на Германија, рекол дека уапсениот рекол […]

Хакери објавија разговори и лични податоци на Меркел и стотици германски политичари

јануари 4, 2019

Германија врие од вчера, кога беше откриено протекувањето во јавноста на лични податоци и различни комуникации на германската канцеларка Ангела Меркел и на стотици политичари. Материјалите, објавени на интернет, биле поставувани во изминативе две седмици од Твитер-корисникот ‘G0d’, кој вели дека се наоѓа во Хамбург, а според неговиот блог, станува збор за истражувач на ИКТ-безбедност. […]

Димитров: Реформите се за Македонија да стане функционална демократија

ноември 8, 2018

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров на вчерашната средба во Берлин со Јан Хекер, советникот за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, порачал дека реализацијата на реформите во Македонија се, пред се, за бенефит на самите граѓани и трансформација на земјата во кредибилна европска демократија. Притоа двајцата соговорници заеднички констатирале „дека историската посета на […]

ЦДУ/ЦСУ: Опозицијата да не блокира зашто ризикува долготрајна изолација на земјата

октомври 3, 2018

Со над 91 процент од гласовите „за“, гласачите во Македонија дадоа огромна поддршка за европскиот пат и за поголема перспектива на нивната земја во ЕУ и НАТО, порача заменик-претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Давид Ваделул. Владејачката германска ЦДУ/ЦСУ смета дека опозицијата не смее да ја блокира перспективата на Македонија за […]

Германската влада поддржува давање датум за почетокот на преговорите со Македонија

јуни 22, 2018

Во писмо до Бундестагот, германскиот парламент, германската влада оценува дека реформскиот биланс на македонската влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ, со тоа отворено застанувајќи зад напорите на Скопје да тргне уште еден чекор напред кон Европската Унија, јави Дојче веле – програма на македонски јазик. Во писмото од германското […]

Димитров утре и задутре во официјална посета на Берлин

јуни 13, 2018

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе биде во посета на Берлин, каде што треба да се сретна со својот германски колега Хајко Мас. Како што информираат од министерството за надворешни работи, Димитров ќе се сретне со советникот за надворешна политика на германската канцеларка, Јан Хекер, а ќе го посети и […]

Страна 1 од 2