fbpx

Контраспин: Македонија и Албанија извисија за датум за преговори, а не за членство во ЕУ

-

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, во интервју за „Фајненшл тајмс“ сакајќи да ја пофали одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон за одложување на проширувањето  на Унијата со земјите од Западен Балкан, ја даде и следната изјава со која фактички ја спинува вистината за француското вето и македонската европска амбиција, пишува Оливера Војновска во рубриката „Контраспин“ во „Вистиномер.мк“.

Спин:
И се разбира, објективно гледано, да се каже дека и Македонија и особено Албанија се подготвени за членство (во ЕУ н.з.) би било грубо претерување, со сета почит кон двете земји, вели Чижов, кој е на функцијата од 2005 година.

[Извор:Макпрес, 18.11.2019]

Контраспин: 

Владимир Чижов,  амбасадор на Русија во ЕУ, кој на оваа функција се наоѓа од 2005 година, ја извртува вистината кога во интервјуто за „Фајненшл тајмс“, говорејќи за противењето на францускиот претседател Емануел Макрон кон проширувањето на ЕУ,  вели дека „Македонија и Албанија не се подготвени за членство во ЕУ“.

Всушност, тука се мешаат  различни работи. Македонија и Албанија на октомврискиот Самит на Европската Унијане добија датум за почеток на преговорите. Иако, мнозинството земји-членки го поддржаа отворањето пристапни преговори, Франција остана до крај доследна на ставот: „Прво продлабочување на реформите во Унијата, а потоа проширување“.

Чижов, пак, зборува за „членство во ЕУ“. Тоа е финалната фаза. Досегашното искуство покажува дека од стартот на пристапните преговори до членството во ЕУ има долг период од повеќе години, а со новата методологија што ја предлага Франција може да мине и цела  деценија.

Така што, тоа што за рускиот дипломат е „објективно гледиште“, фактите говорат дека не е реалното, вистинското стојалиште. Република Северна Македонија и Албанија на последниот Самит во Брисел извисија за ДАТУМ,  до ЧЛЕНСТВО и двете држави ги чека многу долг пат. Дали и какви сѐ препреки ќе излезат на ова нивно патешествие, во моментот е рано да се каже.

Интересно е тоа што оваа  изјава на Чижов искажана за угледниот британски весник, ја пренесоа  и повеќе македонски медиуми (меѓу кои и државната информативна агенција – МИА), кои на тој начин  ја стркалаа топката  низ домашната јавност, свесно или несвесно искривувајќи ја вистината за преговарачкиот процес  на Македонија со ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...