fbpx

Европската Унија калкулира, Македонија во исчекување

-

Вчерашната одлука на министрите за надворешни работи во Луксембург судбината на евро-интеграциите з двете балкански земји да им ја остават на шефовите на земјите – членки на ЕУ беше очекувана, но не и задоволителна за Северна Македонија. Останува уште време до конечната одлука на Самитот на Европската унија на 17 и 18 октомври, што според познавачите на европските политики не може да се предвиди до последен момент, пишува „Порталб.мк“.

Според Горан Лазаров од невладината организација „Евротинк“, сега ниту владата ниту некој друг може да преземе какви било дејства што би можеле да влијаат на датумот.

– Не верувам дека некој во моментов има извесни информации дали ќе се отворат разговорите или не, гледаме дека лидерите на Франција и Германија се директно вклучени во процесот и разговараат за тоа што ќе се случи следно, сепак во моментот ниту нашата влада, ниту било кој друг може да преземе никакви чекори за забрзување на датумот – вели Лазаров.

Симонида Кацарска од НВО „Институт за европски политики“ вели дека таквата одлука беше очекувана, но дека сепак може да се создаде решение што би го балансирало она што го бараат земјите – членки но и отворање на патот што долго го чекаме.

– Вчера во голема мера се очекуваше неуспех да околу донесувањето одлука за препораката на ЕК за почеток на преговори. Одлуката на Европскиот совет да ги започне преговорите е исто така неизвесна, но сепак мислам дека имаме шанса за формирање на решение што ќе обезбеди рамнотежа меѓу забелешките на земјите – членки, но исто така ќе го отвори патот за чекорот што толку долго го чекаме – вели Кацарска.

Познавачите на европските политики посочуваат дека би било фрустрирачки не само за нашата земја, туку и за земјите од регионот доколку Македонија не добие датум.

– Ако не го добиеме датумот, се плашам дека, за жал, иако во изминатите две или три години, оваа влада на СДСМ, што до денес ги направи сите реформи кои беа во насока на отворање на преговорите, ќе го изгуби кредибилитетот во јавноста да раководи со работите со кои раководеше досега. Ќе започнат со подготовки за предвремени избори, што значи дека во наредниот период ќе видиме некои популистички мерки, што ги видовме во минатото со цел побрзо да се врати довербата. Се додека не се отворат разговорите, за неисполнетите реформи, ќе бидат казнети сите граѓани на Македонија, не само владата или политичарите – рече Лазаров.

И Кацарска вели дека ако не се добие датум ќе има негативни последици за политичката состојба во земјата.

– Ако не се донесе јасна одлука за да се одржи првата меѓувладина конференција во одреден временски период, тоа сигурно ќе предизвика не само разочарување, туку и
вистински негативни последици за политичката состојба во земјата, и ќе има нарушување – истакнува Кацарска.

Министерскиот состанок на ЕУ заврши без одлука за тоа дали да се даде или на на датум за започнување на преговорите. За ова ќе одлучат лидерите на ЕУ на состанокот на 17 и 18 октомври. Револт за епилогот на вчерашниот состанок изразија комесарот за проширување во заминување, Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...