fbpx

Мицкоски на Кичеец: Јас се борам СЈО и „Империја“ да не поминат (АУДИО)

-

Две нови аудио снимки денеска беа објавени на Јутјуб-профилот со корисничко име „Рекет“, во кои се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поранешната директорка на Агенцијата за вработување во Скопје Слободанка Алексовска и Зоран Милески-Кичеец, кој е еден од осудените лица во случајот „Рекет“.

Првата аудио снимка трае 27 секунди, а во неа се чини дека Мицкоски и Милески разговараат за Специјалното јавно обвинителство и за случајот „Империја“ што го водеше ова обвинителство.

„Јас ова повише зборувам за сашовци-машовци, сега он пишуваше писма, фејсбуци, ме плукаше, правеше театар за јавноста преку некои негови испрдоци од типот на Геровски и слични, Сашо Ордановски. И сега, јас се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски неговиот најголем предмет, тоа е „Империја“, му вели Мицкоски на Кичеец во првата објавена аудио снимка.

Во втората аудио снимка, којашто трае 51 секунда, Мицкоски, Кичеец и Алексовска најверојатно дискутираат за преговорите што се водеа меѓу партиите за новиот Закон за јавно обвинителство, со кои се регулираше и статусот на СЈО.

„Така што ние имаме многу принципиелни позиции и многу цврсти аргументи и единствен којшто се бори за сите случаи сум ја“, му вели Мицкоски на Кичеец, на што вториов одговара: „Па реално, и во вас се сите џокери“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ова одговара:

„Да, ама знаеш ова помалце делува мазохистички. Ем ме тепаат, а ем имаат очекувања од мене. Од друга страна, ваму има Столкхолмски синдром, се вљуби жртвата во киднаперот. Се вљубија во Зоран Заев сега и тој е добриот. А он сака вака да помине за да ги уценува и понатаму и исшљунка, а јас што се борам за нив, против нив, а мене ме тепаат“.

Мицкоски во снимката вели дека после 21 април сè ќе биде поинаку, најверојатно алудирајќи на првиот круг од претседателските избори што се одржаа лани.

Со најновите две аудио снимки, на овој Јутјуб профил досега се објавија пет аудио снимки од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...