недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: прислушувани разговори | 59 резултати

МВР: Братот на „Ел Чека“ не е приведен

јуни 27, 2019

Министерството за внатрешни работи во изјава за „Порталб.мк“ ги демантираше пишувањата во медиумите дека братот на „Ел Чека“, Блерим Ахмети, бил приведен денеска. – Тој не е приведен, само беше во полиција за да го пријави протестот што ќе се одржи в недела – вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Блерим Ахмети пред неколку дена […]

Кичевското обвинителство поднесе кривична против Ел Чека

јуни 25, 2019

Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело Обвинителен предлог против Ел Чека, кој еден месец наназад објавува прислушувани разговори од врвот на ДУИ, обвинувајќи ги за криминал. Тој од Чикаго, каде живее, а е по потекло од кичевското село Туин, објавува прислушувани разговори за кои тврди дека ги добил од припадниците на групата од случајот […]

За „бомбите“ од Ел Чека ќе истражува кичевското обвинителство

јуни 3, 2019

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека до ОJO Кичево ја доставило кривичната пријава поднесена од МВР против таканаречениот „Ел Чека“ од Чикаго , кој повеќе од една седмица споделува „бомби“, односно прислушувани разговори на лица главно од ДУИ. Во овие разговори се слушаат функционери на ДУИ кои разговараат меѓу себе, меѓутоа има и разговори меѓу […]

Цаца Николовска: Предметите на СЈО не се доведени во прашање

март 14, 2019

Материјалите од прислушуваните разговори, односно „бомбите“, не се единствениот доказ што Специјалното јавно обвинителство ги користи во своите предмети, според тоа, овие предмети не се доведени во прашање, е ставот на Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур. Според судијката, државата не смее да се доведе до ситуација некој од […]

„Свиркачите“ Лазаревски и Костовски се враќаат во МВР

декември 20, 2018

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, „свиркачите“ што ја обелоденија аферата со прислушувањето на претходниот режим, од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. Ова на својот Фејсбук профил го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, каде објави и фотографија од средбата. Лазаревски е сведок во предметот на СЈО за прислушувањето „Таргет […]

Денеска ново рочиште за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски

мај 4, 2018

Случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе има ново рочиште во Основниот суд Скопје 1. Обвинети за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот, поранешен пратеник и партиски лидер Фијат Цаноски, се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Врховниот […]

Катица Јанева најави дека до крај ќе ги истражи сите снимки

мај 4, 2018

На вчерашното „бранење“ на најновиот шестмесечен извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, пред собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, побара да се реши правната положба на обвинителството и нагласи дека има намера докрај да ги истражи сите индиции за криминал кои се содржани во снимките од прислушуваните разговори, […]

Јанакиески: Десет пати барав СЈО да ми ги даде прислушуваните разговори

април 20, 2018

Барем десет пати побарав од СЈО да ми ги достават сите записи од моите прислушувани разговори, но одговор не добив. Затоа се обратив до Народниот правобранител и тој ја побара информацијата од СЈО, рече обвинетиот Миле Јанакиески на судењето за случајот „Топлик“, односно за изградбата на „Сончев град“, објави „Фокус“. – Одговорија дека доколку во […]

Јавноста исклучена, во судница се слушаат прислушувани разговори за „Поткуп“

април 12, 2018

На судењето на случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, во судницата се слушаат прислушувани разговори кои со употреба на посебни истражни мерки биле обезбедени во истрагата за овој случај, објави „Фокус“. Поради тајноста на овие докази, а на кои се слуша гласот на Заев, јавноста беше исклучена од рочиштето. Засега е непознато […]

Груевски за „Траекторија“ ги спори СМС-пораките, СДСМ и СЈО можеле да ги менуваат

февруари 14, 2018

Поранешниот премиер Никола Груевски во продолжението на рочиштето за случајот „Траекторија“ побара од судот да ги отфрли СМС-пораките како недозволен доказ, бидејќи, како што рече, не може да се утврди нивната автентичност и оти многу лесно може да се манипулира нивната содржина. Тој рече дека е можно тоа да се правело и во СДСМ и […]

„Тенк“: Груевски и Јанкулоски не ги признаваат „бомбите“, вештачењата и надлежноста на СЈО

февруари 12, 2018

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, побараа од судот веќе објавените прислушувани разговори за случајот „Тенк“, да не бидат доказ во судскиот процес. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, покрај Груевски, беа присутни и другите двајца обвинети – […]

Цаноски бара отштета од 55 милиони евра за урнатиот „Космос“

јануари 24, 2018

Бизнисменот Фијат Цаноски по завршувањето на првото рочиште од судењето за случајот „ТНТ“ денеска изјави дека очекува судот да донесе праведна одлука и обвинетите кои „и нанеле голема штета на Македонија” да бидат осудени. Во процесот за уривањето на комплексот „Космос“ на Цаноски, покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), главни обвинети се поранешниот премиер и […]

Почна судењето за „Космос“, Груевски и Јанакиески велат дека не се виновни

јануари 24, 2018

Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево почна судењето за случајот ТНТ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кое главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски. Покрај нив, обвинети се уште четири лица […]

Британските власти и дозволиле на „Гама Груп“ да ѝ продаде опрема за следење на Македонија

декември 20, 2017

Владата на Велика Британија пред пет години ѝ дала дозвола на контроверзната британска компанија „Гама Груп“ да  ѝ испорача на Македонија софистицирана опрема за следење на комуникации, се вели во текстот на новинарката Тена Прелец за „Ал Џезеира“. Текстот се повикува на документи добиени од британското Министерство за надворешни работи, преку слободен пристап до информации, кои покажуваат […]

„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот „Титаник“ на СЈО, одлучи Апелација

декември 5, 2017

Повеќе од 1.000 прислушувани разговори ќе се користат како доказ на судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката на Апелацискиот суд слeди по вчерашната јавна седница во судот, на која се расправаше по жалбата на СЈО на решението на Кривичниот суд од 20 октомври, со кое прислушуваните разговоти, […]

СЈО со 1.560 докази ќе ја докажува вината на Кочан и на другите во „Труст“

ноември 23, 2017

Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште од судскиот процес „Труст“ презентираше вкупно 1.560 докази, наведени на 81 страница, против бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети во случајот. Меѓу доказите, кои беа изведени на денешната расправа, се и три прислушувани разговори, од кои еден меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на […]

Заев две години е под постојани закани од атентат, вели Спасовски

ноември 8, 2017

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека премиерот, Зоран Заев, додека бил само лидер на СДСМ, но и сега, откако е претседател на Владата, е под постојани закани од атентат. Заев добивал индиректни закани додека како лидер на СДСМ пред две години ги објавувал материјалите од незаконското прислушување, односно […]

СЈО: Судијката Бахчованска антидатирала одлука за отфрлање на „бомбите“ како доказ

ноември 1, 2017

Специјалното јавно обвинителство поднело претставка до Советот за утврдување на факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, против судијката Моника Бахчованска од скопскиот Кривичен суд. СЈО бара од Советот да ја испита работата на судијката Бахчованска поради наводи што укажуваат на нестручно и несовесно вршење на судиската функација. Во претставката на СЈО се наведени […]

Спасовски: Ќе се истражува кој од Македонија им помагал на Грујовски и на Бошковски

октомври 21, 2017

Обвинителството ќе треба сериозно да поработи во врска со логистиката што поранешните началници на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујовски и Никола Бошковски, ја имале од луѓе во Македонија за нивното бегство од државата, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто за емисијата „360“ на „Алсат-М“. – Домашната логистика е клучната […]

Кривичниот суд ги отфрли „бомбите“ како доказ во уште шест случаи на СЈО

октомври 20, 2017

Кривичниот суд во Скопје денеска официјално соопшти дека советите за оценка на обвинителните акти за случаите „Титаник 2“, „Тенк“, „Титаник“, „ТНТ“, „Тревник“ и „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство, донеле решенија со кои прислушуваните разговори не можат да се користат како докази во судските простапки за овие случаи. Според одлуките на Кривичниот суд, овие докази, приложени […]

Страна 1 од 3