fbpx
Таг: прислушувани разговори

таг: прислушувани разговори

Заев две години е под постојани закани од атентат, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека премиерот, Зоран Заев, додека бил само лидер на СДСМ, но и сега, откако е претседател на Владата, е под постојани закани од атентат. Заев добивал индиректни закани додека како лидер на СДСМ пред две години ги објавувал материјалите од незаконското прислушување, односно проектот „Вистината за Македонија“. Овие...

СЈО: Судијката Бахчованска антидатирала одлука за отфрлање на „бомбите“ како доказ

Специјалното јавно обвинителство поднело претставка до Советот за утврдување на факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, против судијката Моника Бахчованска од скопскиот Кривичен суд. СЈО бара од Советот да ја испита работата на судијката Бахчованска поради наводи што укажуваат на нестручно и несовесно вршење на судиската функација. Во претставката на СЈО се наведени околности кои укажуваат на тоа...

Спасовски: Ќе се истражува кој од Македонија им помагал на Грујовски и на Бошковски

Обвинителството ќе треба сериозно да поработи во врска со логистиката што поранешните началници на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујовски и Никола Бошковски, ја имале од луѓе во Македонија за нивното бегство од државата, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто за емисијата „360“ на „Алсат-М“. - Домашната логистика е клучната за целото нивно поминување надвор...

Кривичниот суд ги отфрли „бомбите“ како доказ во уште шест случаи на СЈО

Кривичниот суд во Скопје денеска официјално соопшти дека советите за оценка на обвинителните акти за случаите „Титаник 2“, „Тенк“, „Титаник“, „ТНТ“, „Тревник“ и „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство, донеле решенија со кои прислушуваните разговори не можат да се користат како докази во судските простапки за овие случаи. Според одлуките на Кривичниот суд, овие докази, приложени со обвинителните акти, се прибавени...

Судот го одобри обвинението, случајот „Триста“ на СЈО оди на судење

Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обвинението за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, кое сега треба да биде распределено кај судија кој треба да закаже тремин за почеток на судскиот процес. Како што соопштија денеска од Основниот суд Скопје 1, Советот, составен од судиите Верка Петковска, Горан Бошевски и Татјана Михајлова, донел решение со кое приговорот на одбраната...

Хојт Ји: За интеграцијата во НАТО и во ЕУ е клучно да се утврди кој прислушувал

Многу е важно да се утврди одговорноста за нелегалното прислушување и за наводните владини злоупотреби во врска со него, бидејќи тоа ќе биде клучен чекор за Македонија да ги увери НАТО и Европската Унија, како и другите меѓународни партнери, дека е подготвена да се интегрира во тие организации. Ова го истакна заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан...

Никола Груевски останува без пасош, „бомбите“ отфрлени како докази во три случаи

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, не го прифатил барањето на Никола Груевски да му биде вратен пасошот, објави судот на својaта веб-страница. Истовремено, прислушуваните разговори се отстранети од доказниот материјал во три случаи, со образложение дека се незаконски прибавени. Освен Груевски, пасошите си ги бараа и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков,...

Апелација со признавањето на „бомбите“ го крши законот, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Апелацискиот суд не смее да донесува одлуки спротивни на законот, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на судот прислушуваните разговори да може да се користат како докази во судската постапка за случајот „Триста“ на СЈО. „Апелацискиот суд, со одлуката со која ја уважува жалбата на СЈО за признавање на нелегално стекнатите разговори како доказ во кривична...

„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот „Триста“ на СЈО, пресече Апелација

Прислушуваните разговори ќе се користат како доказ во судската постапка за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинет е помошникот-министер во МВР, Ѓоко Поповски, одлучил Апелацискиот суд. Оттаму денеска соопштија дека Кривичниот совет на судот во понеделникот оваа недела одржал седница, по која донел одлука да ја уважи жалбата на СЈО и да го преиначи решението на Основниот...

Љупчо Палевски – Палчо, по приведувањето ја мина ноќта во полициска станица

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски - Палчо, кој вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство, е задржан и сè уште се наоѓа во полициска станица, потврдуваат за „Мета“ извори од истрагата. Од СЈО за „Мета“ потврдија дека синоќа едно лице е приведено и задржано во полициска станица на барање на нивен обвинител, во рамките на предистражна постапка, но повеќе...

Костовски: СЈО нема овластување за нови предистражни постапки и обвиненија

Еклатантен пример на непочитување на законот преставуваат информациите дека и покрај завршувањето на рокот, СЈО продолжува со хајката на истражни дејствија и притисоци, изјави денеска на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Катица Јанева не е овластена и нема надлежност да презема понатамошни дејствија во предистражни и истражни постапки за превземените предмети и материјалите за кои заклучно со 30 јуни не...

Јанева очекува продолжување на рокот и најави истраги за разговори на „разни јазици“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува за кратко време да се најде решение за продолжување на рокот за поднесување обвиненија и најави дека во периодот што следи СЈО ќе продолжи со отворање истраги за други прислушувани разговори од кои произлегуваат кривични дела. Ова Јанева го изјави од Охрид, каде учествува на првото издание на Охридската школа на природното право, на тема...

Стоте дена на Вангеловски: Го ослободи Кочан, а сè друго стави на стенд-бај

Денеска истекуваат првите сто дена откако Јово Вангеловски беше именуван и ја презеде функцијата претседател на Врховниот суд. Овој период главно ќе остане запаметен по одлуката за ослободување од притвор на првоосомничениот во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, Сеад Кочан, и по неколку почнати, но незавршени иницијативи на Вангеловски, меѓу кои и таа со која треба да се утврди дали...

Шест години по убиството на Нешковски, обидот за прикривање уште актуелен

Денеска е шестгодишнината од протестите против полициската бруталност што избувнаа по убиството на Мартин Нешковски вечерта на 5 јуни 2011 година, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство на почетокот на минатата година го презеде во своја надлежност случајот за убиството на Нешковски, кој, како што информираат оттаму, сè уште е во предистражна постапка. Инаку, полицаецот Игор...

Врховен суд ја почна расправата за „бомбите“, па ја одложи на неодредено време

Врховниот суд на Република Македонија денеска ја продолжи расправата за можноста да се користат снимките од прислушуваните разговори, односно „бомбите“ како докази, но повторно не ја заврши. „Расправата по правното прашање е одложена на неопределено време“, се вели во известувањето објавено на судскиот портал. Во продолжението на расправата по рефератот „Дали доказите кои се стекнати на незаконит начин можат да бидат...

Врховниот суд ќе бара мислење од експерти дали „бомбите“ можат да се користат како доказ

Врховниот суд на Република Македонија ќе бара мислење од експерти за тоа дали прислушуваните разговори, т.н. „бомби“, Специјалното јавно обвинителство ќе може да ги користи како доказ во судска постапка, соопшти претседателот на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски, на денешниот брифинг со новинарите. Врховните судии и на денешното продолжение на општата седница не донеле одлука по ова прашање. Сепак,...

Врховниот суд и утре ќе расправа дали „бомбите“ може да се користат како доказ

Врховниот суд на Република Македонија на денешната седница не донесе одлука дали прислушуваните разговори може да се користат како доказ во судска постапка и со расправа ќе продолжи утре во 9.30 часот. По двочасовната денешна седница, оттаму соопштија дека расправата по двете точки сè уште не е завршена и најавија нејзино продолжување утре, по што претседателот на Врховниот суд, Јово...

Врховниот суд денеска ќе одлучува дали „бомбите“ може да се користат како доказ

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, за денеска во 13 часот ја закажа седницата на која треба да се одлучува за користењето на прислушуваните разговори како докази во судските постапки, потврдија за „Мета“ од судот. Седницата нема да биде отворена за јавноста, но, како што информираат од судот, по нејзиното завршување е планирано Вангеловски да одржи брифинг...

Врховниот суд ја одложи седницата за користењето на „бомбите“ како докази

Врховниот суд на Република Македонија ја одложи денешната седница на која, според најавите, судиите требаше да расправаат за употребата на „бомбите“ како докази во судските постапки и за тоа кој може да поднесува барања за заштита на законитоста. Според информации од Врховниот суд, седницата била одложена бидејќи дел од судиите биле на боледување и таа ќе се одржи во некој од наредните...

Врховниот суд сè уште не ја закажал седницата за изземањето на Вангеловски

Врховниот суд на Република Македонија сè уште не ја закажал општата седница на која треба да се одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангелвоски, велат за „Мета“ од Врховниот суд. - Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија сè уште нема закажано општа седница на...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...