fbpx

СДСМ: После Илинден следуваат постапки во законските рокови за формирање на нова Влада

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) информира дека претседателот на партијата Зоран Заев ќе користи неколку дена одмор и по националниот празник Илинден, на почетокот од август ќе почне да се разговара околу формирањето на новата влада.

„Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции. Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија,“ се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ на парламентарните избори одржани на 15 јули освои најголем број на пратенички мандати – вкупно 46. Според конечните неофицијални резултати на ДИК, опозициската ВМРО-ДПМНЕ освои 44 пратеници, ДУИ доби 15 пратеници, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица – 2 и ДПА – 1 мандат во идниот парламентарен состав.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...