fbpx

Подготвена или не, Македонија ја чека одлуката за почеток на разговорите со ЕУ

-

Иако Македонија изрази подготвеност за преговори со Еврпската Унија, во контекст дека постојните преговарачки структури можат да бидат ставени во функција, таа сè уште нема направено јасни и видливи чекори за почеток на разговорите. Лидерите на Европската унија гледаат на ова како на рамка на нови стандарди од Европскиот Совет, кои ЕУ ќе ги користи при дефинирање на рамката за преговори. И покрај исполнувањето на претходните обврски, задачите на земјата во оваа иницијатива ќе бидат нови, пишува Порталб.мк.

Со почетокот на разговорите со ЕУ, неопходно е Европската комисија да ја достави предлог рамката на разговори до Советот на министри, а откако таа биде прифатена од Советот, ќе биде закажана меѓувладина седница, која според вицепремиерот Бујар Османи, може да се случи најдоцна до јуни.

Контактиран од Порталб, Османи вели дека ќе мора да ја надминеме вонредната состојба со пандемијата, за да преземеме конкретни мерки, за коишто одлучува ЕУ.

Но, до каде е Македонија е во процесот на подготовка за почеток на разговорите со ЕУ, за да стане дел од неа, како и во подготовката на актерите за преговори, политичките аналитичари се на мислење дека земјата, од претходно искуство, но и поради вонредната состојба со пандемијата со коронавирусот, таа нема ниту капацитет, ниту волја да го преземе чекорот и да ги исполни критериумите на ЕУ.

Агим Јонуз вели дека Македонија е далеку од можноста да ја задржи одговорноста во било кој аспект на преговори со ЕУ.

„Со оглед на најавата за рецесија и главните последици на глобалната економија по сето ова, тоа не е проблем во преговорите, туку во она што Македонија може да и понуди на ЕУ. Исто така, мислам дека Македонија на евроатлантскиот пат кон ЕУ има направено пет чекори наназад“, рече за „Порталб“ аналитичарот Агим Јонуз, поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на парламентот, Љубчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.

Македонија, пред сè, додава Јонуз, ќе се соочи со тешки денови, кои преку компликации во економијата и нејзиното ниво ќе ја спречат да биде подготвена да преговара и да ги исполни своите обврски и тој не очекувам брз успех.

Досегашните влади оставија не толку позитивно наследство, во однос на процесите на интеграција и нивото на подготвеност и создавање капитал на експерти за европска интеграција. Сепак, создадено е цврсто јадро за стручност на процесите на интеграција и нивно интегрирање како искуство и како заложба за претстојната фаза, т.е. по започнувањето на преговорите, но дури и ова не е доволно. Владата треба да направи поголемо отворање кон интелектуалниот капитал и експертите од оваа област кои не отсуствуваат во земјата, но не биле блиску да бидат вклучени во проектот на стандардизација на концептите и интеграциските практики со ЕУ, и тука , за жал, има недостатоци и интегративен јаз во овие процеси на албанските експерти, а за тоа се одговорни оние кои претходно го водеа секторот за интеграција, но не може да се негира дека во оваа насока, во последниве години, е направено некое движење напред“, рече политичкиот аналитичар Нијази Мухамеди.

Според него, владата не во е толку неповолни околности за периодот што претстои во областа на интеграцијата, но мора да разбере императивно дека таа мора да покаже политичка волја и не само политика институционално да ги мобилизира сите најдобри кадри од спектарот на граѓанското општество и универзитетот, но не веруваме дека ќе покаже волја да го стори тоа, земајќи го предвид фактот дека дури и во внатрешните процеси, владата не покажа ниту вистински осет, ниту волја да вклучи проверени експерти за подготовка на развојни политики и други, а ова како еклтантен факт се случи и во случајот со програмата за економски мерки за време и по вонредната состојба, а и пред тоа кога Премиерот во својот кабинет собра група незнајковци како негови советници, додаде Мухамеди.

На  24 март 2020, земјите на ЕУ постигнаа политички договор за почеток на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија. Додека, 3 дена подоцна, на 27 март, шефовите на држави и влади на Европската унија ја потврдија оваа одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...