fbpx
Таг: пратеници

таг: пратеници

Сугарески координатор на пратеничка група, Дескоска потпреседателка на Собранието?

Петре Шилегов портпаролот на СДСМ да биде претседател на Анкетната комисија за прислушување, а Рената Дескоска потпретседателка на Собраниетo. Ова се дел од предлозите кои наводно ги договорил лидерот Зоран Заев на средбата со пратениците во Берово. На средбата опозицијата потврди и дека се враќа во Собрание на 1 септември. Исто така, неофицијално се дознава дека Горан Сугарески е предложен за координатор...

Од 1 септември се укинува лустрацијата

За десетина дена, односно на 1 септември и официјално ќе се стави крај на процесот на лустрацијата. Ова е предвидено со законското решение кое на предлог на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ денеска, со мнозинство гласови го изгласаа пратениците во Собранието. Укинувањето на Законот за лустрација доаѓа по бројните критики дека процесот се користи за политичка пресметка со неистомислениците...

Пратениците и денеска ќе расправаат за измените на Буџетот

За денеска е закажана 62. собраниска седница на која пратениците треба да разгледаат 87 предлог-закони од кои дел се во скратена постапка, а дел во второ читање. На дневен ред се Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2015 година и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, двата во второ читање. Пратениците...

Расцеп во СИРИЗА по гласањето за грчкиот меморандум?

Грчката влада денеска е одново на тест. Гласањето за новиот кредит и пакет мерки за Грција ќе покаже колкава е поддршката од внатрешноста на СИРИЗА за владата и за напорите на премиерот Алексис Ципрас. Левичарската партија сè поизвесно е дека се наоѓа пред распад по утринскиот апел на поранешниот министер за енергетика, Панајотис Лафазанис, кој повика на формирање ново политичко...

Милошоски во посета на Канада

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски, е во работна посета на Канада, а ќе се сретне со тројца пратеници од канадскиот парламент - Тед Оптиц, Корнелиј Чису и Чангстен Лонг. Tеми за разговор на средбите ќе бидат билатералните односи помеѓу двете држави, членството на Македонија во НАТО и значењето на македонската...

Меркел: Договорот со Грција е последна шанса да се избегне хаос

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска на вонредна седница пратениците на Бундестагот за да гласаат за продолжување на помошта на Грција и предупреди дека алтернатива на тоа е хаос во Грција и во Европа. - Ние сме за тоа, Грција да остане во еврозоната. Наспроти енормните грчки напори е енормната солидарност на Европа - изјави Меркел на седницата на...

Изгласани новите мерки, 38 пратеници му завртеа грб на Ципрас

Со 228 гласа „за“, грчкиот парламент го изгласа новиот пакет мерки. Против мерките гласаа 54 пратеници, а воздржани беа шестмина. Иако мерките поминаа со големо мнозинство, речиси историско, ова гласање беше поразувачко за премиерот Алексис Ципрас и за СИРИЗА. Дури 38 пратеници од левичарската партија не ги поддржаа мерките, со што е зададен сериозен удар на парламентарното единство и...

Димовски: Министри и пратеници нема да бидат на чело на владата пред изборите

Премиерот што ќе ја раководи владата во периодот од 100 дена пред изборите, закажани за 24 април следната година, а ќе биде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде функционер на партијата кој во моментот извршува каква било политичка функција, изјави Илија Димовски, во интервју за телевизијата „Канал 5“. „Партијата ќе си постапува врз база на статурните одлуки и ќе одлучи кој...

Првпат се состана Комисијата за надзор над спроведување ПИ-мерки

Пратениците, членови на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебна истражна мерка, следење на комуникациите од МВР, одбрана, царина и финансиска полиција, денеска се сретнаа првпат по една година. Членовите на комисијата не моажеа да ги усогласат ставовите дали Комисијата треба или не треба да функционира без најголемата опозициска партија. Независната пратеничка Солза Грчева, која е нов член во комисијата,...

Грчки европратеници: Случувањата во Македонија се доказ за недостиг од демократија во државата

Грчката десничарска партија Нова демократија ја искористи македонската политичка криза за да ги реафирмира нејзините позиции и да истакне во Европската унија дека во Македонија навистина има недостиг од демократија. Европратениците на Нова демократија, Марија Спираки и Манолис Кефалојанис, подвлекувајќи ги случувањата во Куманово и насилството на протестите во Скопје, упатија заедничко прашање до Европската комисија со кое бараат таа внимателно да ги анализира работите...

Буралиева, Грчева и Топузовa-Каревска не гласаа против Чавков!

Опозициските пратенички Љубица Буралиева, Солза Грчева и Роза Топузовa-Каревска на денешната 50. Собраниска седница не гласаа поротив предлогот на премиерот Никола Груевски за новиот министер за внатрешни работи, Митко Чавков. Од 81 присутeн пратеник, 71 пратеник гласаа „за“, воздржани беа двајца, a „против“ гласаше само еден пратеник. Против предлогот на премиерот Чавков да биде министер за внатрешни работи гласаше само пратеничката на...

Пратениците ќе расправаат за Законот за патните исправи на државјаните

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска, на 41. седница, ќе ги разгледуваат предлог-законите за измени и за дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, за измени на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, како и измени и дополнување на Законот за здравственото осигурување во прво читање. На прво читање пред пртениците во...

Пратениците ќе расправаат за Законот за лични карти

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 39. седница, на која меѓу другото ќе се разгледувува предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта во прво читање и предлог-одлуката за одобрување на финансискиот план на Македонската радио-телевизија за 2015 година. На дневен ред пред пратениците ќе бидат и предлог-закон за изменување на Законот за градежно земјиште во...

Грчките европратеници гласни против „иредентизмот на Груевски“

По шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и грчките европратеници се нафрлија на т.н. „иредентизам“ на македонската влада. Европратеникот од ПАСОК, Никос Андрулакис, во говор во Европарламентот ја критикуваше „иредентистичката политика на Владата на Никола Груевски“. Андрулакис истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан за да се засилат демократијата, стабилноста, економскиот развој на регионот, меѓутоа бараат земјите-кандидати...

Иванов се сретна со германски пратеници

Претседателот Иванов денеска прими делегација на парламентарната група за соработка меѓу Сојузна Република Германија и Југоисточна Европа, при Бундестагот. На средбата со германските пратеници било разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, за европските и за евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и за актуелните случувања во земјава. Претседателот Иванов изрази задоволство од принципиелната и континуирана поддршка од страна на Сојузна...

„24 декември“ во парламентот на Јужна Африка

Седницата на парламентот на Јужна Африка вчера се претворила во вистински хаос кога левичарската опозиција го прекинала говорот на претседателот Џејкоб Зумa, по што претседателката на парламентот ја повикала полицијата да интервенира и ги исфрлила пратениците од редовите на партијата ЕФФ (Борци за економска слобода) од салата, пренесуваат светските медиуми. Дваесет и петте партеници на радикалниот популистички водач Џулиус Малеме...

Собранието расправа за уставните измени

Пратениците на ВМРО­-ДПМНЕ, подржани од коалициските партнери, на собраниската седница на која се расправа за измените на Уставот, денеска ги утврдија амандманите за дефицитот, јавниот долг и за судскиот совет. За амандманот со кој се зголемува бројот на судиите во Советот, во кој нема да членуваат министерот за правда и претседателот на Советот, гласаше и пратеничката на Либералната партија, Роза...

Продолжува собраниската седница за уставните измени

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска на 30. седница ќе се изјаснат за осумте предложени предлог-амандмани на Уставот, за чие донесување е потребно двотретинско мнозинство, односно 82 пратеници да гласаат „за“. Со предложените уставни измени, бракот се утврдува како заедница меѓу маж и жена, се формираат меѓународните финансиски зони, се преименува Народната банка на Република Македонија во Банка на...

Седницата за уставните амандмани ќе продолжи в петок

Седницата на која пратениците ќе расправаат за уставните амандмани ќе продолжи в петок. Откако ја завршија расправата за амандманот 37 од Уставот, со кој се дефинираат максимумите до кои може да се движат буџетскиот дефицит и јавниот долг, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја прекина седницата. Пратениците расправаа за амандманот со кој се одредува дефицитот на буџетот на Македонија, односно...

Гласањето на уставните измени, одложено за утре

Пратениците во Собранието за утре го одложија гласањето на амандманите за измените на Уставот. Пратениците денеска расправаа за предлозите со кои се предвидува дефинирање на бракот како заедница само меѓу еден маж и една жена, основање на меѓународни финансиски зони чие работење и организација ќе се доуредува со закон. Со измените се предвидува воведување уставната жалба, поднесена од физичко или правно...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...