fbpx
Таг: пратеници

таг: пратеници

Пратениците денеска ќе ги носат уставните измени

Предлог-­амандман за дефинирање на бракот како заедница само меѓу еден маж и една жена, основање меѓународни финансиски зони чие работење и организација ќе се доуредува со закон и уште неколку амандмани за уставни измени ќе се најдат денеска пред пратениците во Собранието. За да се усвојат амандманите, за нив треба да гласаат 82 пратеника. Два од амандманите се однесуваат на одлучување...

Собранието ќе ја продолжи 31. седница

Законот за парнична постапка и Законот за Народен правобранител, неколку законски решенија по скратена постапка од областа на железничката и на патната инфраструктура, предлог-законот за комплементарна и алтернативна медицина, ќе се најдат денеска пред пратениците во Собранието. Исто така, народните избраници ќе ја разгледуваат и предлог-одлуката за давање согласност на статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св. Климент...

Почна расправата за измените на законот за високо образование

Во Собранието на Македонија почна расправата по измените на законот за високо образование. Има пријавено повеќе пратеници за дискусија. Пред почетокот на денешната седница, пред Собранието против измените во овој закон протестираа „Студентски пленум“ и Професорски пленум“.

Студентите со свирчиња ќе ги чекаат пратениците пред Собранието

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ утре, во 11 часот, пред Собрание организира настан наречен „Пратениците го трчаат почесниот круг – реформски маратон“. Во 12 часот, во Собранието ќе се одржи седница на која на дневен ред за гласање ќе бидат измените на законите во образованието. „Пред пратениците во Собранието ќе се најдат измените за Законот во високото образование в среда....

Студентите и професорите на отворено заседание пред Собранието

Пред Собранието на Република Македонија, денеска  професорскиот и Студентскиот пленум ќе одржат отворено заседание на кое ќе разговараат за организирање на претстојни демонстрации на незадоволство и револт како и начинот на организиран отпор кон предложените измени во образованието. Во отвореното писмо над 300 академици, професори, доценти, лектори и асистенти ги повикаа македонските пратеници да ги отфрлат новите предлог закони и...

Ахмети: Враќањето на опозицијата во Собранието отвора пат за дијалог

Интеграцијата во НАТО и во ЕУ значи поголема стабилност за нашата земја и за регионот. Држава со поголема сигурност и стабилност е силна гаранција за добро развивање на економијата, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешното новогодишно обраќање во хотелот „Александар палас“ пред членството на партијата. -  Оваа држава има потреба повеќе од кога и да е да биде член...

Средба Ципрас – Кувелис в понеделник

СИРИЗА и Демократска левица полека почнуваат со договорите и со преговорите за соработка во случај на предвремени избори. Првиот човек на СИРИЗА, Алексис Ципрас, вчера веќе разговарал со Фотис Кувелис околу програмата и ставовите на двете партии. Потпаролот на СИРИЗА, Панос Скуртлетос, објави дека двајцата лидери ќе ја имаат првата средба на 29 декември, по третото гласање за Димас. Кувелис...

Грција и во вториот круг не избра претседател

Ниту вториот круг од гласањето во грчкиот парламент не е избран претседател. За Ставрос Димас гласаа 168 од вкупно 300 пратеници. Против беа 131 пратеник, а една пратеничка беше отсутна. Одлучувачки ќе биде третиот круг закажан за 29 декември. Покрај 155 пратеници на Нова демократија и на ПАСОК, за Димас гласаа 13 независни пратеници, осум повеќе од минатиот пат. За Димас гласаа...

В петок седница за одземање на мандатите на опозицијата

За петок, во 14 часот, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја закажа седницата на која единствена точка на дневениот ред ќе биде предлогот за одземање на пратеничките мандати на опозициските пратеници. Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања претходно констатираше дека 31 пратеник од опозицијата биле неоправдано отсутни. За да биде одземен мандат, потребно е 82 пратеника да гласаат за предлогот, што значи...

Иванов денеска ќе има обраќање пред пратениците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати пред Собранието. Ова е редовно обраќање на претседателот на државата пред пратениците што секоја година се одржува пред крајот на календарската година.

Јакимовски: Време е за избори за испразнетите пратенички места

Ако треба и со предвремени избори, ама мора да се заврши оваа рашомонијада со актуелните пратенички мандати, изјави вчеравечер во Прилеп, претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. - Целосната безидејност и политичка дезориентираност на СДСМ ја достигна својата кулминација со дилетантските најави за некакви бомби. Конфронтацијата од тој тип сигурно нема да му донесе ништо добро на овој народ, ниту повисок социјален статус,...

Во Собранието ќе се одржат три седници

Три собраниски седници денеска ќе се одржат во Собранието на Република Македонија. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за централен регистар, во прво читање. Комисијата за транспорт и за екологија ќе расправа за предлог-законот за просторно и урбанистичко планирање, предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за постапување...

Самарас го предложи Димас за наследник на Папуљас

Ставрос Димас е кандидатот на владината коалиција за наследник на претседателот Каролос Папуљас. Грчкиот премиер Андонис Самарас само што најави дека поранешниот министер за надворешни работи и поранешен еврокомесар ќе биде во трка за претседател на предвременото гласање кое ќе почне на 17 декември. Димас важи за кандидат со умерени ставови и со силен меѓународен кредибилитет. Покрај Димас, кој беше шеф на...

Усвоен предлог-деловникот за работа на Комисијата за надзор на УБК

На денешната прва седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, без расправа, едногласно, беше усвоен предлог-деловникот за работа на Комисијата. На седницата беше присутен и директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев. Комисијата за својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието на Република Македонија. Инаку, Комисијата за надзор над работата...

Вељаноски: Зошто на Дескоска никој не ѝ кажал дека и СДСМ не сакаше да бидат одземени мандатите

Македонскиот законодавен дом ќе функционира единствено и само врз основа на правните прописи, реагира претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на обвинувањата од СДСМ дека тој противзаконски не им ги потврдил оставките на мандатите на пратениците од оваа партија. „Енигма е зошто на госпоѓа Десковска досега не ѝ кажале дека одложувањето на седницата за верификација на оставките на дел од пратениците на СДСМ беше со...

СДСМ: Јавното обвинителство да покрене постапка против Трајко Вељаноски

Да го направеше тоа што му го налага Уставот, да ги констатира оставките на опозициските пратеници, Трајко Вељаноски ќе ја спречеше целата оваа пародија што се случува во Собранието, се вели во реакцијата на СДСМ. „Пратениците од опозицијата побараа да не им бидат верификувани мандатите, па потоа поднесоа оставки, уште во мај годинава. И покрај тоа, власта, на чело со спикерот...

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од СДСМ да ги вратат платите

За една година, 31 пратеник од СДСМ и од коалицијата ќе земат повеќе од 24.180.000 денари. Тие за тоа, пак, не почувствуваа одговорност да се појават на своите работни места, се вели во соопштението од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „Еден пратеник од СДСМ за една година ќе земе повеќе од 780.000 денари, а воопшто не чувствуваат одговорност и потреба да се појават на своето...

Дескоска: Вељаноски, констатирај ги оставките!

Ова што се случува во Собранието наликува на пародија. Собранието ќе оценувало дали пратениците од опозицијата, кои се во оставка, се оправдано или неоправдано отсутни!, истакна на денешната прес-конференција Рената Дескоска, членка на ИО на СДСМ. - Станува збор за трагикомичен обид на собранискиот спикер да го маскира кршењето на Уставот кое тој самиот го стори во период од повеќе од...

Груби: СДСМ нема преку ДУИ и Ахмети да дојде на власт

Опозицијата да не се надева дека на власт ќе дојде преку ДУИ и Али Ахмети, туку да се врати во парламентот, рече денеска пратеникот од ДУИ, Артан Груби, на седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, на која се донесе предлог-одлука за одземање на мандатите на опозициските пратеници кои ја бојкотираат работата на Собранието. - Од 2002 година до денес, и...

Чекор поблиску до одземање на мандатите на СДСМ

Собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе предлог-одлука за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Колегите од Собранието едногласно гласаа дека отсуството на опозиционерите изминатите шест месеци е неоправдано, затоа што ниту еднаш не се појавиле ниту на пленарна седница ниту, пак, на некое од работните тела на Собранието, а не најавиле или донеле некакво оправдување за...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...