fbpx

Собранието расправа за уставните измени

-

Пратениците на ВМРО­-ДПМНЕ, подржани од коалициските партнери, на собраниската седница на која се расправа за измените на Уставот, денеска ги утврдија амандманите за дефицитот, јавниот долг и за судскиот совет.

За амандманот со кој се зголемува бројот на судиите во Советот, во кој нема да членуваат министерот за правда и претседателот на Советот, гласаше и пратеничката на Либералната партија, Роза Топузова-Каревска.

Според пратеникот Павле Трајанов, амандманите 38, 39 и 40 се тесно поврзани и ќе придонесат во подобрување на ситуацијата во судството.

Пратениците го утврдија и амандманот за уставната тужба.

За расправата по текстот на амандманите се потребни мнозинство од вкупниот број на пратеници, додека, пак, за усвојувањето на уставните амандмани, потребно е двотретинско мнозинство, а исто толку и за изгласување на Уставниот закон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.