fbpx

Првпат се состана Комисијата за надзор над спроведување ПИ-мерки

-

Пратениците, членови на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебна истражна мерка, следење на комуникациите од МВР, одбрана, царина и финансиска полиција, денеска се сретнаа првпат по една година. Членовите на комисијата не моажеа да ги усогласат ставовите дали Комисијата треба или не треба да функционира без најголемата опозициска партија.

Независната пратеничка Солза Грчева, која е нов член во комисијата, смета дека овој состав без најголемата опозициска партија не може да носи релевантни одлуки, имајќи ја предвид актуелната политичка состојба. Почетокот на работата го гледа како ад хок решение, што беше и сугестија на Прибе.

– Се водат преговори меѓу политичките партии, следува разврска – рече Грчева. Таа праша зошто деловнички не е решен статусот на претседавачот и зошто не е од опозицијата, која според деловникот, треба да има мнозинство во комисијата.

Според Талат Џафери, отсуството на СДСМ, работата на Собранието и на работните тела е политичка одлука на партијата. Иако тој се согласува дека местото на опозицијата е во парламентот, вели дека имало пауза во однос на собраниската контрола врз безбедносните служби. Тој даде предлог покрај претседателот, и членовите на партијата да можат да покренат иницијативи од надлежност на комисија.

За пратеникот Павле Саздов, кој е претседавач со комисијата, не е спорно тоа што најголемата опозициска партија не учествува во работата на комисијата. Тој вели дека во претходниот состав опозицијата била дел од Комисијата, но сепак не си ја исполнила основната надлежност, туку работата на комисијата била злоупотребувана за дневно-политички пресметки.

Членовите на Комисијата заклучија во најкраток рок да ги посетат надлежните институции за да се запознаат со нивната работа.

Седницата ја свика спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...