fbpx

Грчките европратеници гласни против „иредентизмот на Груевски“

-

По шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и грчките европратеници се нафрлија на т.н. „иредентизам“ на македонската влада. Европратеникот од ПАСОК, Никос Андрулакис, во говор во Европарламентот ја критикуваше „иредентистичката политика на Владата на Никола Груевски“.

Андрулакис истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан за да се засилат демократијата, стабилноста, економскиот развој на регионот, меѓутоа бараат земјите-кандидати да се придржуваат до условите на ЕУ.

Според Андрулакис, нашата држава наместо да оди напред, „вози рикверц“ и се има вратено чекори наназад последниов период за многу работи, особено за прашањата за слобода на говор, независност на медиумите и судството. Покрај ова, останува нерешено и прашањето за името каде нема никакво поместување.

– Постои застој околу спорот за името и добрососедските врски. Владата на Груевски мора да разбере дека нема да се толерираат иредентистичките навреди кои доаѓаат од лажните историски наративи. Не може да се крие неспроведувањето на реформи зад спорот за името за да се освојат поени за внатрешна употреба -истакнува Андрулакис.

Според него, спорот за името не е билатерален проблем меѓу Македонија и Грција, туку отворен меѓународен спор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...