fbpx

Буралиева, Грчева и Топузовa-Каревска не гласаа против Чавков!

-

Опозициските пратенички Љубица Буралиева, Солза Грчева и Роза Топузовa-Каревска на денешната 50. Собраниска седница не гласаа поротив предлогот на премиерот Никола Груевски за новиот министер за внатрешни работи, Митко Чавков. Од 81 присутeн пратеник, 71 пратеник гласаа „за“, воздржани беа двајца, a „против“ гласаше само еден пратеник.

Против предлогот на премиерот Чавков да биде министер за внатрешни работи гласаше само пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, која пред неколку дена ја напушти владината коалиција. Воздржани беа Солза Грчева и Роза Топузовa-Каревска. Љубица Буралиева не го искористи своето право на глас.

За новиот млад министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, „против“ се изјаснија трите опозициски пратенички Љубица Буралиева, Солза Грчева, Роза Топузовa-Каревска и пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска.

– Се плашам дека овие неколку оставки нема да ја олеснат состојбата со револтираните граѓани кои секојдневно се на улица и протестираат. Треба да има дијалог помеѓу позиција и опозиција и да се дојде до преодна влада. Ќе гласам „против“, не затоа што имам нешто против луѓето кои се предложени, туку бидејќи оставките не се решение за излез од политичката криза – рече Поповска на собраниската расправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...