fbpx

Гласањето на уставните измени, одложено за утре

-

Пратениците во Собранието за утре го одложија гласањето на амандманите за измените на Уставот.

Пратениците денеска расправаа за предлозите со кои се предвидува дефинирање на бракот како заедница само меѓу еден маж и една жена, основање на меѓународни финансиски зони чие работење и организација ќе се доуредува со закон.

Со измените се предвидува воведување уставната жалба, поднесена од физичко или правно лице, се утврдуваат фискалните правила во согласност со кои дефицитот на буџетот не смее да надмине три отсто од буџетот на БДП, а јавниот долг не смее да надмине ниво од 60 отсто од БДП. Со измените, исто така, е предвидено Владата да може само во исклучителни ситуации да отстапи од утврдените фискални политики и тоа во случај на природни катастрофи и екстерни шокови кои влијаат на загрозување на националната безбедност, здравјето на луѓето или значителен пад на реалниот БДП.

Пратениците ќе треба да се изјаснат и за преименувањето на Народната банка на Македонија во Банка на Република Македонија, како и за тоа Собранието да го избира и разреши Главниот ревизор, а Судскиот совет да го сочинуваат 15 члена.

За донесувањето на уставните измени е потребно двотретинско мнозинство, односно тие треба да добијат поддршка од 82 пратеника.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...