fbpx
Таг: министерство за животна средина и просторно планирање

таг: министерство за животна средина и просторно планирање

ЕУ бара усвојување на Законот за климатска акција, Нуредини вели до крајот на годинава ќе се најде пред влада

Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за 2021 година, во делот за климатските промени, посочува дека земјава треба да го усвои Законот за климатска акција, но и да вложи повеќе напори за да се имплементира ветеното од нас во однос на Парискиот договор за климатски промени, којшто беше потпишан во 2016 година. Министерот за животна...

Државата повеќе добива од даноците отколку што троши за заштита на животната средина [инфографик]

Растат приливите во државната каса од даноците за животна средина. Во 2019 година во буџетот се слеале 219.084.552 евра, односно била платена рекордна сума на даноци во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Една година претходно, во 2018 година биле инкасирани 209.190.164 евра, додека во 2014 година по овој основ во државниот буџет се слеале...

ЕУ чека, општините 7 месеци се договараат кој ќе управува со регионалната депонија во Свети Николе

Изградбата на првата локација во земјава на која што по европски стандарди ќе треба да се депонира и рециклира отпадот очајно доцни. Иако Општина Свети Николе во февруари годинава се согласи на формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“, веќе седми месец 18-те општини од Источниот и Североисточниот плански регион не може да се согласат...

(Галерија) Младите беа главни актери на велосипедските дефилеа низ земјава

Во повеќе градови низ земјава денеска се одржаа велосипедски дефилеа на кои младите лица, ентузијасти и вљубеници во велосипедизмот и пешачењето го имаа главниот збор. Со возење велосипеди и затворен дел од улиците, беше одбележан 22 Септември - меѓународниот Ден без автомобили и завршувањето на Европската недела на мобилност (ЕНМ). Во велосипедските паради по градските улици и булевари кои се...

Лабораторијата за животна средина добива уред за мерење на загадување на воздухот од стационарни извори

Министерството за животна средина и просторно планирање склучи договор со две компании од Скопје за набавка на мерни инструменти за Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) и за Централната лабораторија за животна средина која набавува преносен анализатор за мерење на концентрација на емисии на гасови од стационарни извори на загадување. Новиот уред на лабораторијата, според...

Усвоена првата Стратегија за климатска акција, визијата е земјава да биде просперитетна ниско-јаглеродна економија

Владата ја усвои првата Долгорочна стратегија за климатска акција на С. Македонија, со која се дефинира придонесот на државата кон глобалните напори, преку патот кон зелен, ниско- јаглероден и климатски отпорен развој, заснован на најдобрите достапни информации и во контекст на пристапувањето на земјата во Европската унија. Донесувањето на документот следува откако земјава годинава го поднесе својот ревидиран национален...

Порталб: Започна изградбата на водоводната мрежа во Населбата 146 во Тетово, се очекува да заврши по изборите

Привршува неколкугодишното чекање на жители од Населбата 146 во Тетово да добијат вода за пиење. Три седмици пред почетокот на изборната кампања на 17 октомври по многу одложувања, започна изградбата на водоводната мрежа. Проектот е во вредност од 30 милиони денари, при што 13 милиони денари се од Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите од Општина...

Дел од рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“ во иднина би прераснал во современа регионална депонија

Новата регионална депонија за Пелагонискиот и Југозападниот плански регион би се градела на еден дел од досегашниот рудник за јаглен „Суводол“ на РЕК „Битола“. Со ваков план, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) сака да го реши проблемот со нестандардните општински депонии во овие два региони, кои се извор на негодувања на граѓаните, критики на УНЕСКО и...

Чистењето на расфрланиот отпад во Источниот и Североисточниот регион ќе започне во септември

По неколку одложувања на почетокот на работите, во септември треба да започне чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во моментов се вршат подготвителните активности за расчистувањето на отпадот и рекултивација на локациите, додека целокупниот проект е предвидено да...

Нема опасност од пожарот во ОХИС, тврди Министерството за животна средина

Нема опасност по здравјето и животната средина од опожарената сува трева до малата депонија со линдан во дворот на ОХИС, информираат од Министерството за животна средина. По пожарот што се случи вчера, вонредна контрола во кругот на некогашниот индустриски капацитет извршил Државниот инспекторат за животна средина и констатирал дека станува збор за опожарена сува трева до малата депонија со...

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

Нашата држава доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово, информираат од Министерство за животна средина и просторно планирање. „Имено, локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години...

Пожарите лани проголтале најмалку шумска површина во земјава во последнава деценија [инфографик]

Шумските пожари лани проголтале најмалку хектари површина засадена со дрвја во земјава во последнава деценија. Од палењето на вегетацијата во шумите во 2020 година настрадале вкупно 438 хектари, што е многу помалку во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во изминатава деценија, статистичките податоци покажуваат дека најлоша година за шумите била 2012 година, кога пожарите...

Возилата растечки предизвикувач на климатските промени, властите со мерки ќе мора да пресечат [инфографик]

Постојаното зголемување на бројот на возила на улиците, огромниот наплив на стари возила од странство, намалувањето на бројот на патници во јавниот превоз и на корисниците на велосипедот, како и неразвиената железница предизвикуваат Македонија да се соочува со проблеми со емисиите на стакленички гасови од транспортот. Наместо да се намалува испуштањето на штетните гасови кои се предизвикувач на климатските...

Започнува затворањето на дивите депонии во Источен и Североисточен плански регион

По неколкумесечно одложување, Владата на вчерашната седница ја донесе одлуката за затворање на дивите депонии и ѓубриштата во 18 општини од Источниот и Североисточниот плански регион, информираат од владината прес-служба. „На оваа своја седница Владата, врз основа на информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на нерегуларните депонии и ѓубришта во источниот и североисточниот...

Глобалното затоплување носи опасност од долготрајни суши и екстремни бури во земјава [инфографик]

Зголемувањето на просечните температури на воздухот во земјава ја носи опасноста од долготрајни сушни периоди и екстремни бури со временски непогоди кои можат да предизвикаат штети. Просечните количества на врнежи на годишно ниво во земјава драстично флуктуираат од година во година во изминатиов тридецениски период, иако бројките генерално низ годините покажуваат зголемување на количеството на врнежи. Податоците на Министерството за...

Температурите рушат рекорди, не сме подготвени да се справиме со климатските промени [инфографик+фото]

Долготрајни суши, топли зими по кои следуваат ладни бранови напролет, снежни врнежи кои одредени региони од земјава не ги имаат во зима, интензивни врнежи од дожд и град за кратко време кои предизвикуваат поплави. Ова се само дел од временските непогоди со кои се соочува С.Македонија во изминативе години. Влијанието на климатските промени, за кои многумина во нашето општество...

Македонија, Албанија и Грција заеднички ќе бараат решение за нискиот водостој на Преспанското езеро

Нивото на водата на Преспанското езеро денеска изнесува 842,55 метри и е за над 5 метри под нултата кута кај мерното место Наколец, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа што врнежите во изминатиов период надоместија дел од изгубеното количество, водостојот на ова езеро останува голем проблем. Водостојот на Преспанското езеро ги собра денеска на високо...

МЖСПП планира догодина да почне изградбата на инфраструктурата за регионалните депонии

Во 2022 година се очекува да започне изведбата на инфраструктурата за регионалните депонии во секој од регионите во земјава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање на денешниот брифинг со новинарите информираа дека во тек е обезбедувањето на средства за оваа намена, дополнувајќи дека во првичната фаза покрај изведбата на самите депонии според европски стандарди ќе се набават...

На 13 јули ќе започне постапката за чистење на линданот од малата депонија во ОХИС

Министерството за животна средина и просторно планирање на денешниот брифинг со новинарите информираше дека на 13 јули ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС. Постапката за дислокација на линданот треба да се заврши во период од 12 месеци, при што овој дел од ремедијацијата на малата депонија во ОХИС е...

Емисиите на стакленички гасови во земјава растат кај транспортот и отпадот, опаѓаат во енергетската индустрија [инфографик]

С. Македонија низ годините успева постепено да ги намали емисиите на стакленички гасови во атмосферата, но остануваат загрижувачки неколку сектори кои можат да имаат натамошно негативно влијание врз климатските промени: палењето на шумите, транспортот и отпадот. Податоците од „Третиот двогодишен извештај за климатски промени“ изготвен лани од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека емисиите на штетните...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...