fbpx
Таг: министерство за животна средина и просторно планирање

таг: министерство за животна средина и просторно планирање

Заштитата на парк-шумата Водно заглави во процедурите

Иако пред две години беше најавен како приоритетен, законот за Водно не е изготвен. Според последната Студија за ревалоризација на парк-шумата, заштитата на ова подрачје е предвидена да биде од ниска категорија. Тоа значи дека Водно, наместо со закон ќе може да се заштити со одлука на Владата. Оваа Студија минатиот месец пристигнала во Министерството за животна средина и просторно...

Обврската за ремедијација на почвата и подземните води во ОХИС е на државата

Целосна ремедијација на почвата, но и на подземните води мора да се направи на речиси десетици илјади квадратни метри површина која му припаѓа на некогашниот хемиски гигант ОХИС. Обврската е на државата, која сè уште е сопственик на земјиштето. Децениското несоодветно складирање на десетици опасни хемикалии, последица од работата на фабриката, придонесува за катастрофално загадување на околината кое влијае директно...

Полицискиот час покажува колку сообраќајот навистина влијае врз аерозагадувањето во Скопје (инфографик)

„Мета.мк“ продолжува со истражувањето на влијанието на сообраќајот врз квалитетот на воздухот во Скопје. Токму епидемијата со корона вирусот изминатава пролет овозможи уште еднаш да се докаже дека намалената фреквенција на скопските улици довела до намалување на присуството на ПМ-2,5 и ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во скопскиот воздух во текот на април 2020 година. ЈП „Улици и патишта“ до...

Владата прифати Шар Планина да се прогласи за Национален парк

Владата на денешната седница го прифати предлогот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. По прифаќањето на двата предлога на ова министерство, во согласност со законската процедура, во претстојниот период ќе бидат спроведени...

Корона вирусот во март го намали загадувањето на воздухот со ПМ-2,5, ПМ-10 честички и NO2

Месечните извештаи за квалитетот на воздухот во Скопје на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат намалено присуство на ПМ-2,5, ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во текот на март 2020 година, споредено со идентичниот месец лани. Големото намалување на фреквенцијата на возила во главниот град, заедно со забавеното работење на индустријата, доведе до тоа жителите на Скопје годинава...

Корона кризата и седењето дома „удри“ по ПМ-10 честичките и сулфур диоксидот во Скопје

Воведувањето на полицискиот час на 22 март годинава поради епидемијата на корона вирусот не носи само негативни вести. Намалениот обем на работа на индустриските капацитети и намаленото развозување со возила низ Скопје во изминативе недели донесе и намалување на испуштањето на ПМ-10 честичките и на сулфур диоксидот во главниот град. Веќе неколку дена по ред, Центарот за управување и контрола...

Внимавајте како го фрлате отпадот ако сте во самоизолација или карантин

Над 10.000 граѓани се наоѓаат во самоизолација или карантин во нашата земја. Бројот на лица на кои им се определени овие мерки секојдневно расте, а заедно со нив и грижата за управување на отпадот што овие граѓани секојдневно го создаваат. Од Министерството за животна средина и просторно планирање излегоа со препораки за начинот на одлагање на отпадот за лицата...

Министерството ќе ја чисти депонијата во Шуто Оризари, жителите прашуваат дали Дудуш пак ќе ја полни

Депонијата во Шутка, за која редовно пишуваат „Портал.мк“ и „Мета.мк“, е вклучена во списокот на трите диви депонии на територијата на Општина Шуто Оризари што ќе се исчисти во рамките на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање. Спорната депонија е означена како RAIL 057 во документот „Регионален план за управување со отпад“ од 2016 година, пишува „Порталб.мк“....

Регионална депонија во Дебарца нема да се гради

Второстепената владина комисија го поништи решението што предвидуваше во атарот на село Годивје во Општина Дебарца да биде избран за локација на која ќе се гради регионална депонија со постројка за третман на отпадот. Предметот повторно е вратен на разгледување во Министерството за животна средина и просторно планирање. Причина за ваквата одлука е тоа што не биле запазени законските...

Депонијата Шутка се „одржува“, Министерството повикува на расчистување на три диви депонии (ФОТО)

Депонијата во Шуто Оризари во моментов ја „одржува“ инспекторатот од оваа скопска општина, а за темелно чистење и озеленување ќе треба да се обезбедат повеќе средства. Од друга страна, Министерството за животна средина и просторно планирање распиша оглас за јавни набавки за чистење на 33 диви депонии низ целата територија на  Македонија, од кои три се на територијата на...

За целосно да се исчисти депонијата во Шутка потребни се многу пари, вели Заев

Иако дивата депонија во Шуто Оризари почна да се чисти, работата заостанува, бидејќи паралелно со чистењето, се врши повторно полнење на депонијата. Продолжува и палењето на ѓубрето. Премиерот Зоран Заев вели дека за целосно чистење потребни се повеќе средства од тие што биле предвидени, пишува „Порталб.мк“. Постапките за чистење на дивите депонии треба да се предводат од општините на чии...

Планот за управување со наследството на Охридскиот регион од утре на јавен увид

Нацрт - планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион во текот на наредните 60 дена ќе биде ставен на увид на јавноста, информираше на денешната прес-конференција министерот без ресор, Едмонд Адеми. Планот е многу важен дел од спроведувањето на препораките на УНЕСКО и со него се дефинира строгата заштитна зона во крајбрежјето околу која не смее...

Во Битола мерачите на аерозагадувањето не работат, Министерството со контрадикторни одговори за причините

Двете мерни станици кои ги мерат загадувачките ПМ10 честички во воздухот во Битола не работат - Битола 1 од 16 јуни, а Битола 2 од 18 март годинава. Според официјалниот допис од Министерството за животна средина и просторно планирање од јуни, во одговор на барањето за информација од јавен карактер од Платформата „Земи Здив“ од Битола, за причините зошто не...

Дураки: Свесни сме за критиките на УНЕСКО за Охрид, ако најдеме дивоградби, ќе реагираме!

Свесни сме за сите замерки што ги добивме од УНЕСКО и ќе направиме сè што можеме. Инспекторатот за животна средина со инспекторатите на национално и на локално ниво ќе излезат на терен и доколку се испостави дека се дивоградби, тогаш секако ќе реагираме, рече Садула Дураки, министерот за животна средина и просторно планирање, откако УНЕСКО препорача Охрид и Охридското...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...