fbpx

Дураки: Свесни сме за критиките на УНЕСКО за Охрид, ако најдеме дивоградби, ќе реагираме!

-

Свесни сме за сите замерки што ги добивме од УНЕСКО и ќе направиме сè што можеме. Инспекторатот за животна средина со инспекторатите на национално и на локално ниво ќе излезат на терен и доколку се испостави дека се дивоградби, тогаш секако ќе реагираме, рече Садула Дураки, министерот за животна средина и просторно планирање, откако УНЕСКО препорача Охрид и Охридското езеро да бидат ставени на Листата на загрозено светско наследство.

– Инспекторатот за животна средина е во тесна соработка со градежната инспекција, вие знаете дека Инспекторатот нема ингеренции да урива она што не е изградено законски и дека дозволите за градба се добиваат од општините – дополни тој.

Откако најпрвин се обиде да го избегне соочувањето со новинарските екипи кои дојдоа на Конверенцијата за биодиверзитет што тој ја отвори во хотелот „Александар Палас“, токму за да му постават прашања на министерот Дураки, кој ретко се појавува во јавноста и вообичаено не дава изјави, тој на крајот сепак одговори неколку прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...