fbpx

Преку везење пиперки до економско и социјално зајакнување на жените во Радовишко

-

Жени, чијашто просечна возраст е 73 години, кои целиот живот се занимавале со земјоделство, немаат ниту еден ден работен стаж, ниту, пак, сигурност во пензионерските денови.

Немаат имот на свое име и зависат од тоа што ќе им го обезбеди семејството. Социјалното претпријатие „Виножито“ го решава токму овој предизвик – економско, но и социјално засилување на овие жени, со тоа што ги ангажира за преработка и за дехидрација на земјоделски производи со акцент на нижена пиперка, која се ниже на стар начин, пишува „Лице в лице“.

Македонка Коцева, која е основачка на ова социјално претпријатие, објаснува дека отсекогаш ги забележувала социјално ранливите граѓани, но не секогаш имала начин како да им помогне. Нанижаната сушена шарена пиперка е автентичен производ, карактеристичен за кујната од овие простори. Откако увиделе дека на пазарот речиси нема ваков производ да се купи, ги насочиле капацитетите да произведуваат везена сушена пиперка и да ангажираат жени што се вешти во оваа работа.

Таа објаснува дека со „Виножито“, можеби, не успеваат да решат крупен општествен проблем како што е исклученоста од пензискиот фонд на лицата што работеле, но сè до стапувањето во сила на одлуките за социјална пензија, носат надеж.

– Носиме надеж во една рурална микросредина дека една посебна група граѓани, барем во есенскиот период може да смета на зголемување на своите лични приходи и тоа преку сопствен труд. Сопствен труд е клучниот договор затоа што тоа е најдостоинствениот начин некој да си ги зголеми скромните приходи – не преку помош, туку преку сопствен труд. Тоа звучи гордо – објаснува Коцева.

Таа додава дека сите заедно размислуваат за зголемување на капацитетите. Минатото лето работеле на изградба на покриен работен простор, а понатаму ќе се опремува со сè што е неопходно.

Сите вклучени жени се од руралните региони на општина Радовиш. Речиси сите се земјоделки и имаат исклучителни вештини за земјоделски работи, но и за ракотворби.

– Се вклучуваат од три до седум жени дневно, а досега се вклучени 20-ина. Дневно се ниже толку пиперка колку што е набавена, а работните часови варираат од два до пет часа најмногу бидејќи тие се вешти и многу брзо работат. Да имаме капацитет за складирање би можеле да нанижеме и исушиме и повеќе од 10 тони во сезона – вели Коцева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...