Првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп ќе доцни две години

-

Наместо да биде завршен до почетокот на 2018 година, првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп се очекува да биде завршена во 2020 година. Двегодишното доцнење на градежните работи на секцијата долга 10 километри меѓу Фаришката и Дреновската клисура е поради бројни пропусти во проектната документација. Пронајдените археолошки наоѓалишта, нерешената експропријација на земјиштето, недоволните геомеханички испитување во делот на мостовите, проблемите поврзани со проектирањето на тунелот и потребата од препроектирање на дел од трасата доведоа до доцнење на реализацијата на проектот.

Самиот изведувач на работите, шпанската компанија „Рубау Конструксионес“, уште во ноември 2017 година побара продолжување на рокот за изведба на експресниот пат, по што од Министерството за транспорт и врски во септември 2018 година најавија потпишување на анекс на договорот со изведувачот за продолжување на крајниот рок за завршување на проектот. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кон крајот на март годинава изјави дека се надминати сите проблеми во изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп.

Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета“ информираат дека со слични проблеми се соочува и изведбата на втората фаза од експресниот пат, на потегот од Градско до Дреновската клисура. Втората секција долга 16 километри започна да се гради пред една година, но досега се реализирани само 12,6% од севкупните градежни работи. Договорот предвидува оваа фаза од патот да се заврши до јануари 2020 година, но уште од сега се знае дека може да се случи продолжување на рокот за изведба.

– Покрај потребата од помали измени во проектната документација, во тек на изведувањето на работите откриени се археолошки наоѓалишта, а се појави и потреба од изместување на дел од мрежата за наводнување на АД Водостопанство „Тиквеш“ – посочуваат од ЈП за државни патишта.

Во третата фаза од проектот, за последните 7,58 километри од трасата на експресниот пат се обезбедени финансиските средства и во тек е одобрувањето на тендерската документација од Делегацијата на Европската Унија. Договорот за надградба на постојниот пат од Прилеп до Ленишка река и од Беловодица до каменоломот на „Маврово“ ќе биде потпишан до крајот на 2019 година, со рок на изведба од 18 месеци.

Ако се суди според постојните проекции, целокупната траса на експресниот пат Градско – Прилеп ќе биде завршена во 2021 година. Покрај тоа што ќе обезбеди побрза патна врска на Прилеп и Битола со Скопје, идниот експресен пат се наоѓа на трасата од кракот Д на Коридорот 10 што води кон грчкото пристаниште Игуменица.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...